1. НАЈДОБРИОТ НАЧИН ДА ПРОБАШ ПАРФЕМ
Ако само го помирисаш парфемот, ништо не си направил, бидејќи нема да дознаеш како тој реагира на твојата кожа. Најдобриот начин вистински да го доживееш мирисот е ако испрскаш директно на твојата кожа, и тоа на зглобот или на врвот од прстите. И двете точки се точки на пулсот и имаат висок проток на крв, што ја крева температурата на кожата и мирисот се шири поради топлината. Така ќе забележиш дали парфемот ќе се промени кога доаѓа во допир со молекулите на твојата кожа и ќе дознаеш колку трае. А, за вистински да го доживееш мирисот, остави да се исуши целосно и почекај три минути за да се појави целосниот мирис. Потоа проверувај на неколку минути дали се менува.
2. КАКО МИРИСОТ ДА ТРАЕ ПОДОЛГО
Парфемот е многу чувствителен производ. Мирисливите масла, есенцијалните масла и алкохолот во парфемот може лесно да изветреат, што предизвикува мирисот да се промени или да исчезне. Затоа, не изложувај ги шишенцата на директна сончева светлина, топлина и влажност и чувај ги на потемно место на собна температура.
Сакаш мирисот да трае подолго и на твојата кожа? Лесно е! Прво хидрирај ја кожата со лосион без мирис. Хидрираната површина на твојата кожа го чува мирисот. Потоа, бидејќи топлината го активира парфемот, точките на пулсирање се најдоброто место каде што да го нанесеш мирисот. Тие точки се наоѓаат на зглобовите од рацете, зад ушите, на внатрешниот дел од лактите, на задниот дел од колената и на глуждовите. Најдоброто место за нанесување парфем е во твојата коса, но парфемите најчесто содржат многу алкохол, што е штетно за косата. Затоа ти препорачуваме да испрскаш мало количество на четка за коса и потоа да ја исчешлаш косата.
Совет плус: немој да ги триеш капките од мирисот, туку остави ги да се исушат на твојата кожа.
3. ДАЛИ ДА КОРИСТИШ ПАРФЕМ ДИРЕКТНО НА КОЖАТА ИЛИ НА ОБЛЕКАТА
Кога ќе се испрскаат на облеката, парфемите траат долго, некогаш и по перењето. За жал, користењето мириси на твојата облека прави тие да мирисаат многу обично. Парфемите испрскани на облеката не испаруваат добро, бидејќи на молекулите во маслата од парфемот им треба телесна топлина за да се активираат. Сепак, ако сакаш, можеш да испрскаш малку на облеката (внимавај да не остава флеки!), но испрскај значително количество барем на една точка од твоето тело. Така ќе можеш да го носиш твојот омилен мирис на облеката и на телото истовремено!