3 интересни нешта за историјата на парфемите

Светот на мирисите може да нѐ однесе на разни места и да ни раскаже приказни за себе. Сепак, има многу интересни информации за мирисите што допрва треба да ги дознаеме. Ајде да дознаеме како се родил овој магичен свет!

1. ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ ПАРФЕМИТЕ
Постојат различни теории за потеклото на парфемите, но најпозната е дека Месопотамците, Персијците и Египќаните се први креатори на парфеми. Прв познат парфимер е хемичарката Тапути, која го создала првиот мирис со масла и цветови во вавилонска Месопотамија. Во Египет, пред 4.000 години, луѓето користеле мириси за секакви работи, од религиозни церемонии до подготовки за погреб, и со секојдневната облека. Мирисот се сметал за пот на богот на сонцето Ра и затоа бил нешто свето. Египќаните имале и бог на парфемот, наречен Нефертум, кој носел марама на главата во вид на крин, кој денес е една од најчестите состојки во светот на парфемите. Персијците исто така ги обожавале парфемите и ги користеле најчесто како политички симбол. Поради тоа што ги користеле многу, голем број кралеви биле сликани како држат парфем во рака! Откако Грците и Римјаните ја освоиле Персија и дознале за парфемите, тие станале уште попопуларни. Во 1190 г., кога парфемите пристигнале во Париз, започнале да се произведуваат масовно и така настанала огромната индустрија, која постои и денес.

2. КОЈ Е ПРВИОТ ПАРФЕМ? 
Значењето на парфемите било различно во различни држави и затоа имало многу видови парфеми што се сметале за парфеми и пред да биде направен првиот парфем. Сепак, Унгарците се првите што направиле парфемот да биде модерен за користење, создаден од масла споени во алкохолен раствор. Првиот парфем бил направен за ексклузивно користење за кралица Елизабета од Унгарија и бил познат како „унгарска вода“. Мирисот содржел природни состојки, како рузмарин и темјан.

3. КОИ СЕ НАЈСКАПИТЕ СОСТОЈКИ ЗА ПАРФЕМИ ВО СВЕТОТ?
Не е она што мислиш! Најскапите парфеми се создадени од масла, комбинација од концентрирани и маслени мешавини, екстрахирани од растенија или цветови. Природните состојки се најскапи бидејќи тие се ретки и тешко можат да се најдат. Меѓу најскапите состојки во светот се јасмин, бугарска роза, уд и мошус. Најскапа состојка во светот е амбрата, состојка што се произведува во дигестивниот систем на китовите. Високата цена на една состојка може да биде и поради тоа што природниот извор е загубен, како природното масло од уд, или ако состојката е сезонска, како иланг-иланг од Мадагаскар.

Текст: