Wellness: Што е што

Не е лесно да го разберете научниот жаргон поврзан со Wellness-от. Бидејќи нашите тела природно не произведуваат витамини и омега масни киселини, мораме да ги внесеме овие нутриенти преку нашата исхрана - но кои и зошто? Нашиот сеопфатен водич ќе ви ја даде здравата помош што ви е потребна!

ВОДИЧ ЗА ВИТАМИНИ

Витамин А Витамин А ви треба за здрава кожа, вид, имунитет и раст. Нашите тела го претватаат бета-каротенот, црвено-портокаловиот пигмент кој го има во зеленчуците и овошјата, во онолку витамин А колку што ни е потребно, па затоа не грижете се за претерување.
Јадете: Зелени лиснати заленчуци, моркови, кајсии, млечни производи, јајца и риба.

Витамин Б Има осум признаени Б витамини кои работат за да ви дадат здрав метаболизам, нерви и мускулна функција и делба на клетките. Витаминот Б најлесто е многу осетлив на процесирање, па затпа луѓето кои јадат процесирана храна обично имаат недостаток.
Јадете: Сурови овошја и зеленчуци, јаткасти плодови, производи од цело зрно (како кафеав ориз или тестенини од цело зрно), јајца, месо и риба.


Витамин Ц Поголемиот дел од луѓето се запознаени со Витамин Ц. Овој моѓен антиоксиданс игра многу важнаулога во создавањето на колаген во сврзните ткива, што го прави најважен за здрава кожа, заби, коски и крвни садови. Исто така му помага на вашето тело да го екстрактира железото од храната.
Јадете: Овошје, бобинки,  никулци и коренести зеленчуци.

Витамин Д Најважниот извод на витамин Д е сончевата светлина, и се верува дека30 минутна прошетка на сонце ги дава истите придобивки како и пиење на 10 чаши млеко! Витаминот Д е потребен за апсорбција на калциум и за добро функционирање на имунитетот, како и за нормална функција на мускулите. Недостаток на витамин Д може да предизвика болест на коските, па затоа многу е важно да ја внесувате потребната количина. 
Јадете: Масни риби и жолчки од јајце.

Витамин Е Витаминот Е е антиоксидант кој ги штити клетките во телото од слободните радикали, кои предизвикуваат штета. Тој функционира заедно со витамонит Ц. 
Јадете: Јаткасти плодови, зрнести зеленчуци (грашак, грав, боранија...) лиснати зеленчуци и житарки.

Витамин К Витаминот К и помага на крвта да се засири, како и во повторната изградба и обновувањето на коските. Бактериите во вашите црева природно произведуваат витамин К, но исто така треба да го внесувате и преку исхраната.
Јадете: Темно зелени лиснати зеленчуци (брокула, спанаќ и кељ). 

 
ВОДИЧ ЗА МИНЕРАЛИ

Калциум Калциумот е основен за здрави коски, заби и ткива. Ги регулира мускулните и нервните функции и е основен за засирување на крвта.
Јадете: Лиснати зеленчуци, бадеми, зрнести зеленчуци, овошје и млечни производи.

Магнезиум магнезиумот е вклучен во над 300 основни метаболитички реакции во вашето тело, вклучувајќи го производството на енергија, нормалната функција на срцето и мускулни контркции. Мошне често, луѓето не внесуваат доволно магнезиум преку исхранта.
Јадете: Лиснати зеленчуци, јаткасти плодови (индиски ореви и бадеми), семиња и производи од цело зрно.

Селен Селенот го помага производството на антиоксидансни ензими кои ја спречуваат штетата од слободните радикали. Доколку не внесувате доловно селен ,тогаш може да имате ослабен имунитет и слаба функција на срцето.
Јадете: Житарки, ореви, печурки и риба.

Цинк За здрав имунитет кој добро функционита ви е потребен цинк. Цинкот помага за лекувањето на раните, ги разложува јаглехидратите, помага за изградбата на посилна кожа и допринесува за добра функција на видот, мирисот и вкусот. 
Јадете: Семиња (сусам, сончоглед и семки од тиква), јаткасти плодови, леќа и печурки.

Јод Јодот е основна компонента на тироидните хормони, кои го регулираат метаболизмот, растот и развојот и репродуктивната функција. Недостаток на јод може да доведе до ментални пореметувања.
јадете: Сол, морска трева, грав, компир, млечни производи и јајца.

Бакар Бакарот е потребен за здрав нервен систем, енергија и производство на меланин. Исто така е потребен за создавање на колаген и еластинво кожата и за здрави срцеви ткива, крв и коски.
Јадете: Грав, јаткасти плодови, семиња, житарки и печурки.Beans, nuts, seeds, grains and mushrooms.

Железо Железото е потребно за нашите крвни зрнца да направат детоксификација и да го однесат кислородот насекаде низ телото. Без железо ризикувате да добиете анемија.
Јадете: Леќа, грав, јагоди и црвено месо.

И МАСНИ КИСЕЛИНИ…

Oмега-3 Како ни витамини, телото не може да создава омега-3. па затоа морате да внесете преку исхраната. или преку додатоци во исхраната. Омега-3 го намалуваат воспалението, што може да помогне во намалување на опасноста од срцеви болести, рак и артритис. Исто така ги помага функцијата на мозокот и очите.
Јадете: Масни риби, лен, ореви, користете омега-3 суплементи.

Текст: Фотографии: Shutterstock