Речник на нега на кожа

Вашиот најдобар водич низ светот за нега на кожа - разберете ги состојките.

АСПАРОЛИФТ 
Што е тоа? Патентирана активна состојка на Орифлием добиена од аспартична киселина, амино киселина што ја има во житните растенија, семињата и јаткастите плодови.
Како дејствува? Клинички докажано ја враќа еластичноста на кожата, АспароЛифт им помага на старите клетки на кожата да создадат колаген и еластин поефикасно. На овој начин ги исполнуваат брчките однатре и го таргетираат опуштањето на кожата.
Најмногу одговара за: Опуштена кожа и брчки.
Можете да го најдете во: Novage Ultimate Lift

....................................................................................

КОФЕИН
Што е тоа? Природен стимулант.
Како дејствува? Го поттикнува отстранувањето на насобраната течност под очите за да ги намали отоците. Исто така, ја затегнува кожата.  
Најмногу одговара за: Очи со уморен излед.
Можете да го најдете во: True Perfection Освежителен Крем за Очи

....................................................................................

GENISTEIN СОЈА
Што е тоа? Нутриент против стареење, природно произведен од соја-зрната.
Како дејствува? Дејствува на генетско ниво за да го стимулира младешкиот изглед на кожата. Се бори против сувоста на кожата, го одржува менувањето на клетките и помага во зацврстување на структурата на кожата.
Најмногу одговара за: Зрела кожа што старее.
Можете да го најдете во: Time Reversing SkinGenist производи 

.....................................................................................

ГЛИКОЛИЧНА КИСЕЛИНА
Што е тоа? Алфа-хидриксидна киселина (AHA) што природно се наоѓа во растенијата.  
Како дејствува? Ги ексфолира надворешните, безживотни слоеви на кожата така што ги раскинува врските меѓу старите клетки за да направи простор за новите.
Најмногу одговара за: Сите кои сакаат сјајна кожа. 
Можете да ја најдете во: True Perfection Ноќен крем, Ecollagen Серум

....................................................................................

ЛИНГОН 50:50
Што е тоа? Активна Орифлеим состојка базирана на 50% шведски боровинки и 50% листови од шведски боровинки.
Како дејствува? Антиоксидансите ја одржуваат кожата силна, ја чистат од токсични материи и ја штитат ДНК на кожата од оксидативниот стрес кој предизвикува штета.
Најмногу одговара за третирање на: Сите типови кожа.
Можете да го најдете во: Optimals

.................................................................................... 

ПРО-КОЛАГЕН ПЕПТИД
Што е тоа? Екстракт од растителни маТични клетки земен од клетките на растенија слични на компир. Размислувајте за ѕидот на клетките на растението како за сопствениот еластин и колаген - потребни се за форма и структура. Тие се измешани со трипептиди и шеќери.
Како дејствува? Про-колаген пептидите ја штитат колагЕнската мрежа чие што кршење води до постар изглед на кожата. 
Најмногу одговара за третирање на: Благи брчки и кожа што старее.
Можете да го најдете во: Ecollagen Сет за нега на кожа

.................................................................................... 

ПЕРСИСКО СВИЛЕНО ДРВО
Што е тоа? Моќна активна состојка што ја има во цветот на персиското свилено дрво.
Како дејствува? Ги таргетира клетките за да го намали нивото на клеточни нечистотии, да ги изедначи бојата и текстурата на кожата и да и додаде сјај. 
Најмногу одговара за третирање на: Први знаци на стареење.
Можете да ја најдете во: True Perfection производи 

.....................................................................................

 

 

РУМЕКС
Што е тоа? Екстракт добиен од растение кое потекнува од Канада. 
Како дејствува? Го спречува создавањето на тирозиназа (ензимот што креира меланин) за да ја спречи појавата на старечки дамки и дисколорација на кожата. 
Најмногу одговара за третирање на: Изедначување на тенот и хиперпигментација.
Можете да го најдете во: Optimals Even Out  

...........................................................................................................................................

МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО
Што е тоа? Природна состојка со висок квалитет земена од листовите и гранчињата на чајното дрво.
Како дејствува? Поради својата способност да ги нападне бактериите и да ја смири кожата, тоа е ефективен третман против дамки. Исто така го намалува губењето вода и ја зголемува влажноста на кожата. 
Најмногу одговара за: Мозолчиња и несовршености, тинејџерска кожа
Можете да го најдете во: Love Nature Чајно дрво

.....................................................................................

ТРИ-ПЕПТИД КОМПЛЕКС
Што е тоа? Природна патентирана Орифлем технологија која го зголемува нивото на колаген. Направена е од природни пептиди (протеини што се направени од ланец од аминокиселини) што ги таргетираат брчките.
Како дејствува? За да го зголеми нивото на колаген, технологијата користи три природни пептиди: колаген-пептид (што го има во квасецот), енергетски пептид (што го има во оризот) што поттикнува создавање на нови клетки и антиоксидантен пептид земен од жито што го сречува оштетувањето од УВ-зраците. Овие три работат заедно за да ги пополнат брчките и да ги третираат знаците на стареење. 
Најмногу одговара за: Брчки и кожа која старее.
Можете да го најдете во: Ecollagen skin Сет за нега на кожа











Текст: Фотографии: Getty Images