AХA (алфа хидроксидни киселини) и БХА (бета хидроксидни киселини) се хемиски ексфолинајти што ги отстрануваат насобраните мртви клетки оставајќи ја кожата мазна. Екфолијицјата е важна во борбата против стареење, оштетување од сонцето, темни дамки и акни, поради тоа што нуди понежна алтернатива од користењето на пилинзи или апарати за чистење на лицето. Заедно овие две киселини ја хидрираат кожата, ги третираат тенките линии и стимулираат производство на колаген за цврста кожа со рамномерна текстура.
КОГА ДА КОРИСТИТЕ АХА
Ако ваша главна грижа е оштетување од сонцето, АХА ќе ги ексфолира најгорните слоеви на кожата за да го таргетира овој проблем. АХА киселинита има придобивки за нрмалната до сува кожа така што ќе и помогне да ја врзе влажноста и ќе ја измазни кожата давајќи и ја потребната хидратација. Исто така, овие киселини докажано го зголемува колагенот - па се идеални за оние кои се загрижени за стареењето.
КОГА ДА КОРИСТИТЕ БХА
Ако имате кожа склона кон акни, митесери и проширени пори, БХА се идеални за вас. Овие киселини навлегуваат низ маснотиите кои блокираат се, па не само што прават ексфолијација на кожата, туку и длабински ги прочистуваат порите. БХА киселините се добри за нормална до масна кожа бидејќи имаат тенденција да ја сушат. Исто така, тие имаат антибактериски и анти-инфламаторни својства.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ АХА И БХА КИСЕЛИНИ?
Интересно е тоа што АХА и БХА киселини можеби ги има во производите кои ги користите, но се наведени со друго име. најверојатно сте слушнале за салицилна киселина која се користи во мали дози за третирање акни? Па, салицилната киселина всушност е БХА. И гликолична киселина против дамки и млечна киселина за навлажнување на сувата кожа се чести АХА киселини.
Напомена - само затоа што овие киселини се ексфолијанти не значи дека ги има само во ексфолијанти. Исто така, можете да најдете комбинација од АХА и БХА киселини во Ecollagen Wrinkle Smoothing серумот. Производ што клинички докажано се бори против тенките линии, го зголемува колагенот и го подобрува сјајот на кожата.