Мултивитамини за вашата кожа

Нашата кожа е константно изложена на предизвикувачки услови: загадување, стрес, оштетување од сонцето - листата продолжува. Но, можете да и помогнете со внесување доволно антиоксиданси и витамини. Еве листа на оние кои ви се потребни.

ЗА СЈАЈ
Витамин Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксиданс кој ја штити кожата од штетата предизвикана од слободните радикали предизвикани од надоврешните агресори од средината како оштетување од сонце и загадување. Како резултат, тоа е ефективен третман против стареење - посебно поради својата способност да го поттикне производството на колаген и да помогне во поправање на оштетените ткива. Исто така го спречува производството на тирозиназа (ензим кој се наоѓа во клетките на коѓаташто го произведува меланинот), што е причина зошто е ефективен за осветлување на кожата и често користен за третирање на хиперпигментација. Не е лош за еден витамин нели?  

Најдете витамин Ц тука: Time Reversing SkinGenist Ноќен регенеративен серум


ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ 
Најверојатно ќе најдете витамин А во вашите производи против стареење под маската на ретинол.

Овој моќен антиоксиданс е состојка која комуницира со клетките, што значи дека се прикачува на клетките на кожате и ги прави да се однесува како помлади клетки. Помислете на тоа како на битка: ретинол против слободните радикали. Додека слободните радикали предизвикуваат клетките да се однесуваат постаро, витаминот А им кажува на истите клетки да се однесуваат помладо. Резултатот? Помазна кожа. Но има само една лоша страна: ако вашата кожа лесно се иритира, тогаш употребувајте полекаи внимателно. 

ЗА ПОПРАВАЊЕ НА КОЖАТА
Витаминот Е (токоферол) е антиоксиданс што го намалува ризикот од оштетување од слободните радикали, особено оние предизвикани од сонцето. Тоа е затоа што ја апсорбира енергијата од УВ-зраците и ги таргетира нејзините штетни ефекти, како тенки линии и брчки. Покрај својствата против стареење, тој исто така ја зајакнува хидратантната бариера на кожата и дејствува анти-воспалително што го прави ефективен третман против изгореници или лузни.

Најдете витамин E тука: Tender Care Балсам

ПРОТИВ ЦРВЕНИЛО
Витаминот Б3 (нијацин или нијацинамид) го зголемува производството на церамиди ("лепакот" што ги поврзува површнинските клетки на кожата заедно). Овој процес ја зајакнува заштитната функција на кожата, ја задржува "добрата" влажност внатре, а "лошата" ја истуркува надвор. Ова својство на штит, го прави витамонот Б3 одличен против стареење. Но, витамонот Б3 има и антивоспалителни својства, па затоа се користи за третирање акни. И поради неговите својства да комуницира со клетките да произведуваат повеќе колаген, е исто така ефективен третман против црвенилото кое го оставаат мозолчињата. 

Најдете витамин Б3 тука: Essentials Moisturising Дневен крем; Essentials Нежно 3 во 1 средство за чистење лице





Текст: Фотографии: Shutterstock