Наука и убавина – Апарат за чистење на кожата

Најнов тренд за убавина е високо технолошки производ кој веќе го користат милиони луѓе ширум светот. Која е тајната и како всушност работи?

Сите сакаме кожа со здрав изглед и не е никаква новост тоа да бара внимателно избрана и прилагодена рутина за нега на кожа. Најновиот и најомилен производ кој ни помага во тоа е апаратот за чистење на кожата на лицето со ротирачки елементи. Gwyneth Paltrow, Angelina Jolie и Jake Gyllenhal го обожуваат заедно со милиони луѓе ширум светот кои сфатиле дека може да имаат кожа со негуван изглед со многу малку труд. 

ВО ШТО Е ТАЈНАТА?

Едноставен одговор: добро исчистената кожа е основен услов за било каков понатамошен третман. Вашите производи за нега на кожа подобро ќе се апсорбираат и полесно ќе ги испуштат своуте активни состојки длабоко во кожата. На тој начин е можно да се намали појавата на брчки.

HА КОЈ НАЧИН ФУНКЦИОНИРА?

Апаратот за чистење лице нежно и ефикасно ја отстранува нечистотијата, остатокот од шминка и мртвите површински клетки, но и длабоките нечистотити во порите. Но не само што ја чисти кожата туку истовремено и го масира лицето и ја поттикнува циркулацијата што да дава дополнителен сјај на кожата. Рутината за чистење бара само една минута, но клинички е докажано дека е неверојатно ефикасна.


Текст: