3 хормонални возрасти на кожата

Хормоналните промени имаат огромно влијание врз вашата кожа, што значи дека секој стадиум во животот на жената станува видлив. Но како? Прочитајте и дознајте.

1. ПУБЕРТЕТ
Првата голема хормонална промена се случува кога жената е во пубертет. Тогаш телото започнува да произведува естрогени и андрогени, како што е на пример тестостеронот, во количества поголеми од претходно. Секако, ова влијае врз телото и кожата на драстичен начин.

Естрогенот дејствува прекрасно на кожата, бидејќи ја прави мазна. Ги гради колагенот и еластинот, односно протеините што ја прават кожата отпорна и еластична. Исто така и ја навлажнува кожата. Можеби ќе се прашате зошто тинејџерите имаат акни ако нивото на естроген е навистина толку добро за кожата. За жал, естрогенот не е единствениот хормон што се лачи во големи количества.

Тука е и тестостеронот, што има спротивни ефекти од естрогенот. Зголеменото ниво на тестостерон не само што ги зголемува порите туку и ја прави кожата помрсна поради зголеменото лачење себум. За време на менструалниот циклус, што започнува во пубертетот, нивото на хормони е нередовно. Ова значи дека телото некои денови има големо ниво естроген, а некои денови е доминантно нивото на тестостерон . Како резултат на оваа промена, ѕидовите на фоликулите се зголемуваат и го „заробуваат“ вишокот себум. Поради тоа, неминовно е појавување на акни.

Што треба да сторат тинејџерите за да ги надминат предизвиците на кожата во пубертетот? Постојат три главни работи што треба да се преземат за да се спречи појавата на акни: чистење и ослободување од вишокот мрснотии и нечистотии, ексфолирање за отстранување на затнатите пори и користење лесен гел за навлажнување за да се одбегне влошување на проблемот. Можеби звучи дека навлажнувањето не може да помогне, но мрснотијата не е исто што и навлажнувањето. 
Ви ја препорачуваме линијата Pure Skin за да ги надминете овие проблеми.

2. БРЕМЕНОСТ
Следната голема хормонална промена се случува за време на бременоста. Менувањето на кожата е различно за различни луѓе. Покачувањето на нивото на естроген предизвикува некои жени да го добијат познатиот сјај за време на бременоста, односно подобрена кожа и поквалитетна коса. 

Други жени, пак, доживуваат повеќе проблеми, а најчестиот од нив е неизедначена боја на кожата. Дамките можат да ја променат бојата поради хормоналните промени, што предизвикува зголемување на производството на меланин. Меланинот е природна одбрана против изложеноста на сонце и пигментот што ѝ дава боја на кожата. Колку повеќе меланин има во кожата, толку таа е потемна, мелазмата е пример за ваквата појава. Тоа се кафени дамки на делот од лицето што е најмногу изложен на сонце, како што се челото, носот и образите. 

Што можат да направат жените за да ги надминат проблемите на кожата за време на бременост? Најпрво, тие секогаш треба да носат УВ-заштита и да ја нанесуваат на секои два часа. Започнете да користете крем што штити од сонце и шминка со СПФ заштита.

3. МЕНОПАУЗА 
Третата и последна голема хормонална промена е менопаузата. Во оваа доба производството на естроген и прогестерон се намалува значително. Може да се каже дека менопаузата е како спротивен пубертет и некои од симптомите на кожата се всушност исти.

Кај некои жени се појавуваат акни како резултат на хормоналните промени. Падот на нивото на естроген значи дека нема кој да му се спротивстави на тестостеронот во телото. Поради тоа, тестостеронот станува подоминантен, што предизвикува затворени пори и „заробен“ себум поради сувата површина на кожата. Добрата вест е што жените во зрели години имаат помалку акни од тинејџерите. Лошата вест е дека акните може да се подлабоки и повоспалени, како резултат на намалените антивоспалителни состојки на естрогенот. Друга состојба на кожата што може да се појави повторно за време на менопаузата е мелазмата. Годините изложеност на сонце имаат кумулативен ефект на тенот на кожата и малите сончеви дамки прераснуваат во потрајни.

За жал, ова не е сѐ. Бидејќи естрогенот е клучен дел од многу процеси за разубавување на кожата, неговата загуба води кон видливи промени. Прво, кожата губи еластичност, волумен и цврстина како резултат на пониското ниво колаген. Трето, кожата е посува бидејќи ја губи способноста да ја задржува влажноста. Ова настанува поради ниското ниво естроген, но и поради нормалните знаци на стареење, што значи дека кожата е под влијание и на хормоните и на возраста.

Што можат да сторат жените за да ги победат предизвиците на кожата во менопауза? Можеби звучи очигледно, но најдобриот начин да се победат знаците на стареење е да се користи козметика за нега на кожа што е специјално создадена за зрела кожа. Прво, зрелата кожа треба да се погрижи за намаленото ниво на колаген за да може да се бори против губењето дефиниција, длабоките брчки и сувоста. Второ, таа има потреба од нега за да се справува со дамките и собирањето меланин. Ви ја препорачуваме нашата линија за нега на кожа NovAge Time Restore со технологијата GenisteinSOY и растителен екстракт од матични клетки од машки тегавец, кои директно ги решаваат овие проблеми. Прочитајте повеќе за линијата овдеНа крајот, користењето соодветна рутина за нега на кожа ќе ви помогне да ги победите акните.










Текст: Фотографии: Getty Images