СОЗДАЈТЕ СИ СОПСТВЕН РИТУАЛ
Не заборавајте дека секојдневно мора да користите заштита од сонце. Така е бидејќи УВА и УБВ-зраците се одговорни за знаците на прерано стареење, како што се брчките и дамките. Затоа, заштитете ги деловите изложени на сонце со соодветна заштита.
Ви препорачуваме: NovAge Ecollagen Дневен крем со СПФ 15 и NovAge Ultimate Lift Дневен крем со СПФ 15
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЗАШТИТНИОТ ФАКТОР
СПФ (Sun Protection Factor) е единица мерка за ефектот на заштита од сонцето што штити од УВБ-зраците. Тоа покажува колку време можете да поминете на сонце кога го користите. Едноставната формула е: можете да поминете 10 минути на сонце без да изгорите, СПФ 15 ќе ви овозможи да поминете 15 пати подолго, односно 150 минути. Но запомнете дека СПФ само го забавува оштетувањето, а не го спречува! Затоа нанесувајте редовно и носете лесна облека за да се заштитите.
Ви препорачуваме: Oriflame Sun Zone
СПРЕЧЕТЕ ГИ ДАМКИТЕ
Дали знаете дека дамките всушност се знаци на оштетување од сонце? Дамките се формираат кога меланоцитите, кои се наоѓаат во клетките на кожата, произведуваат премногу меланин. Овој пигмент природно ја штити кожата од УВ-зраци, бидејќи ја прави да потемнува. Заштитете се себеси и најблиските од обезбојување и постојано нанесувајте заштита од сонце, особено на деловите што се најсклони на дамки, како што се лицето, рамениците и рацете.
Ви препорачуваме: NovAge Дневен крем за напредна заштита со СПФ 50 УВА/ПА++++
КОЛКУ МНОГУ Е ДОВОЛНО?
Докажано е дека повеќето луѓе нанесуваат само 25-50% од препорачаното количество за заштита од сонце. Не бидете меѓу нив. Нанесете заштита од сонце на вашето тело колку една мала чаша, 15 минути пред да излезете надвор. Не заборавајте да нанесете повторно по неколку часа, особено ако пливате или се потите.
ЗАШТИТЕТЕ ГИ УСНИТЕ
Кожата на вашите усни исто така е подложна на штетните сончеви зраци. Затоа, заштитете се со балсам за усни со СПФ, како што е Giordani Gold Балсам за подмладување на усните со СПФ 12