Mитови за заштитниот фактор

Се пријавуваме на натпревар за заштитните фактори. На распоред се сите детали поврзани со заштитниот фактор и доколку ве загрижува фактот дали факторите навистина ја штитат кожата прочитајте ги нашите објаснувања за некои најголеми митови поврзани со заштитниот фактор.

1.„Облачно е, не треба да нанесувам крем со заштитен фактор“

Најновите истражувања покажуваат дека 80% од сончевите зраци продираат низ облаците. Затоа ви е потребен најмалку заштитен фактор 15 дури и кога е облачно.

2.„Имам потемен тен, затоа не ми е потребен заштитен фактор

Лицата со маслинест или потемен тен можеби помалку ќе изгорат на сонце отколку лицата со светол тен, но секако е потребно да нанесуваат заштитен фактор. Зошто? Затоа што и потемната кожа има последици од изложување на сончевите зраци дури и ако не се зацрвени. Се појавува чувство на сувост и боли на допир поради претераното изложување на сонце. Она што е уште поважно, иако кожните заболувања и ракот на кожата не се толку чести помеѓу луѓето со потемен тен, секако постапувајте превентивно. Подобро да спечите отколку да се лекувате.“

 

3.„Заштитниот фактор ме заштитува од сонце“

Заштитниот фактор не е количество за заштита туку индикатор на времето кое смеете да го поминувате на сонце откако ќе го нанесете, односно колку долго е потребно вашата кожа да добие црвена боја. Еве како тоа функционира: доколку вашата кожа обично почнува за црвенее по 30 минути, заштитниот фактор 15 ќе го пролонгира времето на црвенеење 15 пати.

Нашата кожа треба да се заштити и од УВА и УВБ сонцевите зраци. Бидејќи ниту еден заштитен фактор неможе да ги филтрира сончевите зраци секогаш треба да носите шапка, очила и да побарате место на ладовина за да обезбедите максимална заштита за својата кожа.

4.„Заштитниот фактор ќе ги затвори порите на мојата кожа“

Доколку имате мрсна кожа подобро користите крем со заштитен фактор кој одговара на вашиот тип кожа отколку повеќенаменски. Побарајте формулација која одговара на вашата кожа. Најдобро е да користите немасни формулации кои се лесни и транспарентни. Таквите фомулации не оставаат масна трага, а ја штитат кожата од предвремено стареење предизвикано од сончевите зраци. За секојдневна употреба користите креми кои исто така решаваат одредена проблематика која вашата кожа можеби ја има. Ние ги обожуваме Bioclinic заштитниот дневен лосион со СПФ 45 или Ecollagen Advanced заштитниот лосион со СПФ 30.

5. „Заштитниот фактор нема рок на траење“

Кремите со заштитен фактор кои сте ги користеле пред неколку години секако имаат неважечки рок на траење, затоа обавезно проверете го рокот на траење на своите производи. Доколку не е назначен рок на траење, таков производ обавезно означете го со маркер.

6. „Каква улога има витаминот Д?

Витаминот Д е важна состојка неопходна за добро здравје. Она што овој витамин го прави единствен е фактот дека вашето тело го произведува во моментот кога е изложено на сонце. Дневното изложување на сонце во траење од 15 минути со заштитен фактор е во ред. Исто така препорачуваме храна богата со омега 3 масни киселини како туна и лосос и мултивитамини кои ја надополнуваат исхраната.


Текст: Фотографии: Oriflame and Shutterstock