Хијалуронска киселина – неопходна за добра нега на кожата!

Хијалуронската киселина заслужно е една од најпопуларните состојки за нега на кожата. Оваа чудесна состојка е најчесто тајната зад свежата и хидрирана кожа, која секој сака да ја има. Ова е причината поради која треба да ја додадеш оваа суперхидратантна состојка во твојата дневна рутина.

ПРЕКРАСЕН СЈАЈ!
Сè што сакаме е блескава хидрирана кожа, а хијалуронската киселина е идеална за добивање кожа со зависна убавина. Оваа природна состојка е хумектант, што значи дека привлекува вода и може да содржи вода со тежина до 1.000 пати поголема од својата. Поради тоа, хијалуронската киселина е неверојатна за одржување на хидратацијата на кожата! Луксузната хидратација ќе ја направи твојата кожа прекрасно мека, свиленкаста и блескава. Кожа од соништата!

МАЗНА КАКО СВИЛА
Убедени сме дека хијалуронската киселина треба да биде дел од сечија рутина, а не само ако сакаш блескава кожа. Ако почнаа да ти се појавуваат линии и брчки, добро е да знаеш дека оваа состојка докажано помага за ефикасно измазнување на брчките и линиите и има моментален ефект на пополнување на кожата.

ЈА ШТИТИ ТВОЈАТА КОЖА!
Хијалуронската киселина е дел од природните хидрирачки фактори на кожата (NMF – Natural moisturizing factors) во горниот дел на кожата, кои му се потребни на заштитниот слој на кожата за тој да работи ефикасно. Според тоа, хијалуронската киселина помага за зацврстување на заштитниот слој на кожата и за спречување на намалувањето на нејзината хидратација.

ЈА ЗГОЛЕМУВА ЕФЕКТИВНОСТА
Хијалуронската киселина најчесто се содржи во серуми, но најдобри резултати ќе добиеш ако ја користиш како дел од твојата рутина за нега на кожата, бидејќи секој производ во рутината дејствува за да постигне хидрирана, блескава и мазна кожа. Серумот [UM1] Ecollagen Wrinkle Power  содржи хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина, која успешно се впива во кожата и ќе ти помогне да имаш кожа од соништата.

 

Текст: Фотографии: Орифлеим