Најдобрите состојки за нега на кожа

Откако ќе сфатиш дека добрата нега на кожа е многу повеќе од чистење и хидрирање, ќе најдеш цел нов свет со возбудливи производи. Сепак, понекогаш е тешко да се снајдеш во џунглата за нега на кожа со многу непознати состојки. Информирај се од нашата листа омилени состојки, кои можеш да ги најдеш во колекцијата на сите што се грижат за својата кожа!

ПЕПТИДИ
Пептидите можат да помогнат за зголемување на производството на колаген во кожата. Составени се од аминокиселини, кои се составен дел на протеините. Пептидите често се содржани во производи против стареење и се идеални за измазнување брчки и за одржување на младешкиот изглед на кожата. Оваа состојка можеш да ја најдеш во производите на сетот NovAge Ecollagen Wrinkle Power.


AHA - АЛФА-ХИДРОКСИЛНА КИСЕЛИНА 
Алфа-хидроксилната киселина е состојка за пилинг што природно може да се најде во овошјето и во млекото. Таа помага за отстранување на мртвите клетки од кожата и открива нова свежа кожа. Користи ја неколку дена пред важни настани, за твојата кожа да изгледа свежо и блескаво. Можеш да уживаш во својствата на оваа состојка со користење на пилингoт за лице NovAge.

 

 


НИКОТИНАМИД
Никотинамидот е активната верзија на витаминот Б3. Често е содржан во серуми и во маски и може да помогне за намалување на црвенилата, за зацврстување на горниот слој на кожата и за намалување на производството на меланин, а тоа значи дека може да ја намали и пигментацијата. Оваа состојка е содржана во кремот против црвенила NovAge.

BHA – БЕТА-ХИДРОКСИЛНА КИСЕЛИНА 
Бета-хидроксилната киселина е состојка за пилинг. Најпозната киселина од овој вид е салицилната киселина. Помага за отстранување на мртвите клетки од кожата, ја спречува појавата на митесери, ги чисти порите и ја измазнува кожата. Дејствува за да ги исчисти порите (во спротивно алфа-хидроксилната киселина дејствува на површината на кожата) и има својства за смирување на кожата. Оваа состојка можеш да ја најдеш во пилингот за лице NovAge.

ВИТАМИН Ц 
Можеби го знаеш како лек за сите помали настинки во зима, но витаминот Ц има извонредни својства за кожата. Витаминот Ц е моќен антиоксидант, кој може да се најде во овошјето и во зеленчукот и се користи во индустријата за нега на кожа за осветлување на кожата, за намалување на темните дамки и на знаците на стареење. Маската за обнова на кожата NovAge е збогатена со овој витамин.

 

 



ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА 
Гликолната киселина е вид алфа-хидроксилна киселина и е одлична, бидејќи, освен што прави пилинг на кожата и помага за измазнување на линиите и нерамномерната површина, исто така и ја хидрира кожата. Гликолната киселина е една од состојките во составот на напредниот третман за обнова на кожата NovAge.

ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА
Ако досега немаш слушнато за хијалуронска киселина, тогаш не ѝ ја овозможуваш најдобрата хидратација на твојата кожа. Хијалуронската киселина е природна супстанција што може да се најде во човечкото тело и може да содржи вода со тежина до 1.000 пати поголема од својата. Користењето на оваа киселина ја прави кожата суперхидрирана и блескава. Уживај во нејзините својства и користи го серумот NovAge Ecollagen Wrinkle Power.

 

 

Текст: Фотографии: Oriflame