7 интересни факти за парфемите на Орифлеим

Сакате да дознаете повеќе за вашите омилени мириси? Прочитајте ги 7-те најинтересни факти за нашите парфеми.

1. ИМАМЕ 50-ГОДИШНО ИСКУСТВО
Уште
од нашите почетоци, во 1967 година, ние собираме децении искуство во индустријата за убавина. Тоа ни помага да создадеме мириси што луѓето навистина ги сакаат.

2. СОРАБОТУВАМЕ СО ВРВНИ МАЈСТОРИ 
Горди
сме што работиме со најдобрите парфимери во светот, како што се Оливие Кресп, Марис Росел, Натали Лорсон и многу други. Тие се вистински уметници во индустријата, кои изработуваат парфеми за светски познати брендови. 

3. ИМАМЕ ОСВОЕНО БЕЗБРОЈ НАГРАДИ 
Нашите
мириси имаат освоено многу признанија од најпродавани светски списанија, награди од публика и, секако, престижните награди „Фифи“ кои ги организира Светската фондација на парфимери. Неодамна My Destiny освои награда за најженствен мирис на престижните награди „Фифи“ во Русија, кои важат за „оскар“ во светот на парфемите.

4. НИЕ СМЕ ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МИРИСИ ВО СВЕТОТ 
Нашите
мириси ги сакаат луѓето во повеќе од 60 земји од целиот свет. А во повеќето од овие земји ние сме едни од најголемите 5 продавачи на мириси. Љубовта на нашите потрошувачи е вистинско признание за нас!

5. НИЕ ИМАМЕ ДОКАЖАН КВАЛИТЕТ ВО ПРЕСТИЖНОТО ПАРФИМЕРСТВО 
Постојано
се обидуваме да го задоволиме и надминеме нивото на квалитет на престижното парфимерство. Заедно со парфимерите, ние правиме тестови за да ги исполниме сите стандарди на престижното парфимерство. Овие тестови се правени од најголемите светски панелисти, кои имаат утврдено дека влијанието, распрскувањето и трајноста на нашите мириси се 8 часа.

6. НИЕ ПРОДАВАМЕ ПО ЕДЕН МИРИС ВО СЕКОЈА СЕКУНДА 
Нашите
мириси се толку популарни што ние продаваме по едно шишенце мирис секоја секунда. Зарем не е неверојатно тоа?

7. НИЕ ИМАМЕ ОКОЛУ 100 РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ МИРИСИ 
Нашата
голема палета женски и машки мириси има околу 100 различни мириси достапни во целиот свет. Пронајдете го вашиот овде.

Текст: