7 грешки поради кои може да имате акни

Кожата со акни не е резервирана само за тинејџери. Многу често жени во нивните 30-ти и 40-ти години имаат проблеми со акните. Ова се неколку причини за лошата состојба на вашата кожа – дознајте како да се ослободите од акните.

ПРЕТЕРАНОТО СУШЕЊЕ НА КОЖАТА

Често се мисли дека акните се создаваат ако кожата е нечиста. Но не е така. Еден од главните фактори за создавање акни е претераното производство на маснотии кои ги затвораат порите и местото се инфицира. Поради присуството на маснотијата лицето често се мие и тоа со средства кои дополнително ја исушуваат. Но со исушување на кожата може да се предизвика уште поголемо производство на маснотија. Затоа изборајте средства кои се нежни, не содржат алкохол и секако нанесувајте лесен хидратантен крем за кожа.

НЕ ЈА ЧИСТИТЕ КОЖАТА ПРЕД СПИЕЊЕ

Уморот не е изговор да не ја чистите кожата пред спиење. Преку ден вашата кожа произведува маснотија и сета нечистотија од надвор се наталожува на површината на кожата. Ако остане подолго време на кожата се создаваат бактерии што предизвикуваат да се појават акни. Затоа секогаш чистете ја шминката од лицето со средство за чистење, а потоа со тоникот отстранете го остатокот од нечистотијата.

НЕ ЈА ЕКСФОЛИРАТЕ КОЖАТА

Ексфолирањето на кожата е отстранување на мртвите површински клетки. Ако оваа сува кожа не се исчисти, останува на површината и ги затвора порите. Нежен пилинг ќе ви помогне да имате совршено чиста кожа или користете апарат како нашиот SkinPro Cleansing System[DB1] .


ЈАДЕТЕ ПРЕМНОГУ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

За некои од нас млечните производи се основна исхрана, но тоа се забележува со поголем број акни по должина на вилицата. Иако не е целосно докажана поврзаноста на млечните производи со создавањето акни, сепак пробајте да ги исклучите од исхраната неколку недели и видете дали има разлика во вашиот изглед.

 

„Иако е привлечно, избегнувајте да ги чепкате акните! Со истиснувањето на акните го попречувате природниот процес на заздравување”


ЈА ТРЕТИРАТЕ КОЖАТА КАКО ТИНЕЈЏЕР

Многу производи кои ги негуваат тинејџерските акни се јаки и ефикасни, но можат да бидат груби за постара кожа. Дехидрираната кожа произведува повеќе маснотии кои пак создаваат акни. Избирајте соодветна нега за кожата со антиоксиданти. Производите кои содржат салицилна киселина (како BioClinic Adult Skin anti-Breakout[SM1] ) ја чистат кожата од бактерии и ја заштитуваат од создавање акни.

ГИ СТИСКАТЕ АКНИТЕ

Вашето тело е програмирано да се бори со инфекциите, затоа колку и да е предизвикувачки, не ги чекајте акните! Ако сами ги стискате акните го продолжувате процесот на заздравување со тоа што дозволувате бактериите подлабоко да навлезат во кожата. Исто така ја зголемувате можноста за создавање лузни од акни.

 

НЕ ЈА МЕНУВАТЕ ПОСТЕЛНИНАТА 

Бактериите и маснотиите од надворешната средина, нечистотиите од косата, кожата и потта, сето тоа се наталожува на вашата перница. Користете навлаки од природни материјали и обидете се да ги менувате секоја втора вечер.


Текст: Фотографии: Shutterstock