ЛАДЕН КРЕМ
Подготви ја кожата за студениот воздух, суровиот ветер и сувиот домашен воздух така што ќе го замениш лесниот лосион или крем за лице со густ и хранлив ладен крем што ја обновува и штити кожата. Користи кремови што содржат богати масла, шеа-путер, хијалуронска киселина и витамин Е, за да го спречиш сушењето на кожата и да ја задржиш нејзината хидратација!
ТУШИРАЈ СЕ ПОКРАТКО
Поради ниските температури, сакаме да се тушираме и бањаме долго и со топла вода, но дали знаеше дека овие навики може да ти ја исушат кожата? Топлината од водата ја дехидрира кожата и ја прави сува како лиснато тесто. За да го избегнеш овој ефект, туширај се пократко со млака наместо со топла вода, а бањите нека бидат викенд-луксуз, по кои ќе искористиш хранлив крем од главата до петиците.
НОСИ РАКАВИЦИ
Студениот воздух може многу да ти ги оштети дланките. Со свежото време и постојаното миење раце за избегнување зимски вируси, кожата на дланките брзо може да стане сува, испукана и болна. Почни да носиш ракавици штом ќе почне да паѓа температурата и продолжи да ги носиш и напролет.
ИЗБЕГНУВАЈ ТОПОЛ СУВ ВОЗДУХ
Студениот воздух надвор не е единственото нешто што може да ја иритира и исуши твојата кожа. Топлиот воздух во домот може исто така да ја исуши кожата и да ги влоши заболувањата на кожата, како егзема и розацеја. Не вклучувај го греењето на многу висока температура, наместо тоа, облечи се во топла облека! Размисли за инвестирање во навлажнувач на воздухот што ја регулира влажноста на воздухот и ја одржува твојата кожа убава и хидрирана.
РЕШЕНИЕ ПРОТИВ ЦРВЕНИЛО
Ако мерките за спречување не беа ефективни, пробај производ против црвенило! Производите против црвенило веднаш ја смируваат иритираната кожа, го подобруваат нејзиниот тен и го намалуваат црвенилото со текот на времето. Тие, исто така, ја зацврстуваат кожата и ја штитат од дехидрирање.