Маслинките, во форма на масло, уште многу одамна се користат за оджување на кожата. Нанесено како природен навлажнувач, тоа навлегува длабоко во кожата со што обезбедува долготрајна заштита. Не ви советуваме да претерате со нанесувањето на маслиново масло, но производите збогатени со маслинки се идеални за регенерација на кожата оштетена од сонце, или за дехидрираната кожа.
Маслинките се клучна состојка во многу производи против стареење бидејќи се полни со антиоксоданси, витамини А и Е, кои ја превенираат штетета на кожата од слободни радикали.
НЕГА НА КОСА И МАСЛИНКИТЕ
Маслиновото масло веќе со векови се користи како природен кондиционер за коса (ти благодариме Клеопатра!). Полно со антиоксиданси, производите за нега на коса на база на маслинки се добри за третирање перут и одржување на здрав скалп. БИдејќи неговите главни состојки се хемиски елементи кои имаат својства на "омекнувачи", маслиновото масло ќе ја омекне косата и ќе и даде сјај. Палетата на шампони и кондиционери со маслиново масло е голема, но доколку саката самите да си направите третман, тогаш можете да загреете маслоново масло дома, да го нанесете на сува коса, да ја замотате со крпа и да ја оставите така да стои триесетина минути. Измијте темелно неколку пати за извонредно сјајна коса.