Мирисите се поделени на многу поткатегории, според нивната долготрајност, јачина и концентрација. Ако првпат зачекоруваш во светот на мирисите, оваа статија е токму за тебе. Следува сѐ што треба да знаеш за парфемите, парфимираните тоалетни води, тоалетните води и колонските води.
#1 Парфем
Парфемот е најскапиот вид мирис во светот. Содржи највисока концентрација на масла и трае до 24 часа по нанесувањето. Парфемот содржи од 20 до 30% чист парфем, т.е. масла помешани со мирисот. Иако овој мирис е многу скап, неговите квалитет и јачина се од највисоко ниво.
#2 Парфимирана тоалетна вода
За разлика од парфемите, парфимираната тоалетна вода содржи од 10 до 20% чисто парфимирано масло. Другото е мешавина од вода и алкохол. Парфимираната тоалетна вода трае од 8 до 10 часа дневно и е апсолутно совршена за ден на работа или на универзитет.
#3 Тоалетна вода
Тоалетната вода има концентрација од 5 до 15% парфимирано масло, помешано со алкохол. Совршено е за кратко освежување и трае само од 3 до 5 часа. Затоа, ако одиш на важно интервју или на некоја функција што трае најмногу три часа, тогаш овој мирис е совршен за тебе.
#4 Колонска вода
За крај имаме колонска вода, која има најниска концентрација на масла и алкохол. Трае околу два часа и има силен наплив на мирис кога се нанесува првпат. Содржи од 2 до 4% од парфимираното масло, а сепак е одлична за брзо нанесување одличен мирис.
Сега ги знаеш главните разлики меѓу различните видови мириси и се надеваме дека ќе ја донесеш вистинската одлука според твоите желби.