Состојка што треба да ја знаеш: црн јаглен

Јагленот е најновата суперсостојка што ја освои индустријата за козметика. Прочитај ја статијата за да дознаеш повеќе за него и причините поради кои се смета за природно решение за најчестите проблеми за убавина.

Што е јаглен?

Јагленот е составен од изгорено дрво. Гранките и листовите на дрвото се подложени на процес на карбонизација, што вклучува повеќе хемиски реакции, кои помагаат да се создадат микропори на површината на честичките јаглен. Ова ја зголемува површината на честичките и овозможува црниот јаглен да стане исклучително впивлив материјал.

Јагленот и негата на кожата

Со своите моќни својства за прочистување и впивање, јагленот функционира како магнет и ja отстранува нечистотијата што е наталожена длабоко во кожата. Благодарение на неговата способност да ги привлече супстанциите со кои доаѓа во контакт, јагленот може да се користи како одличен пилинг и како состојка за чистење на кожата.

Јагленот и негата на кожата за мажи

Тестостеронот директно го поттикнува создавањето себум и создава совршена средина за појавување акни. Поради тоа, мажите често имаат поголеми пори и акни.

Јагленот е познат како решение за затнати и зголемени пори. Класичните сапуни, кремови за бричење или производи за нега на кожата можат да ги отстранат потребните природни масти од кожата. Црниот јаглен ги впива штетните состојки и ја прочистува кожата без да ја исуши.

Нашиот избор

Сакаш да пробаш нови производи што содржат јаглен? Пробај ја нашата нова линија North for Men Urban Range. Со помош на моќта на јагленот, оваа линија може да ти ја освежи кожата од главата до петиците!

 

Текст: