Кога сме млади, ткивата наречени фибробласти ги произведуваат потребните количества колаген и еластин што ја одржуваат кожата мазна и затегната. Но, како што старееме, оштетувањето на клетките се влошува како последица на штетните влијанија на околината, како на пример сонцето, што ги прави клетките крути и ги спречува да произведуваат колаген и еластин ефикасно. Последиците? Кожата ја губи цврстината и почнува да се опушта и да виснува.
КАКО МОЖЕТЕ ДА ЈА ТРЕТИРАТЕ?
Ретинол
Ретинол, или витамин А, има повеќе придобивки против стареење вклучувајќи го зацврстувањето на кожата. Тоа е мошне ефективна состојка што комуницира со клетките така што ги прави клетките да функционираат како да не се оштетени, со што тие се однесуваат како "помлади" клетки. Но, како што др. Мавон објаснува, "кожата на некои луѓе е многу чувствителна на ретинол, па кај нив се појавуваат несакани ефекти како црвенило и иритација.
Неинвазивни процедури
Неинвазивните процедури се популарна алтернатива за луѓето што сакаат подраматични резултати без да одат на операција. Достапни се голем број третмани, вклучувајќи и термаж, третман кој вклучува користење апарат што ја насочува електричната струја во кожата и ги загрева подлабоките слоеви за да ги зацврсти. Но, овие третмани можат да бидат болни и др.Мавон вели: "Термажот всушност го "вари" колагенот, па затоа ме загрижуваат неговите долгорочни ефекти на кожата."
АспароЛифт
Добиен од аспаритична киселина, амино-киселина што ја има во житните растенија, семињата и јаткастите плодови, АспароЛифт
клинички докажано ја зголемува флексибилноста на фибробластите. "Ин-витро клеточните тестирања ги потврдија моќните придобивки против стареење на АспароЛифт, така што ги направија остарените, крути фибробласти да се однесуваат како клетки кои се 20 години помлади" тврди др. Мавон. Нема несакани ефекти како оние што се појавуваат кај некои лица што користат ретинол, но за максимални резултати се препорачува да го користите како дел од рутина за нега на кожа од 4 или 5 чекори.
Масажа
Спа-третманите кои вклучуваат масажа на лице може да го таргетираат опуштањето на кожата со различен ефект. Масажата обично вклучува маска за лице и штипкање покрај виличната линија. Наместо одење на масажа, експертот др. Мавон верува дека самите можете да го постигнете истото: "Вежбите за контракција и опуштање на мускулите на лицето можат да ги стимулираат фибробластите и да го спречат губењето на цврстината на кожата. Оваа техника на масирање помага кожата кожата да ги задржи својата еластичност и способноста да се врати назад при растегнувањето." Тој го има решението: "секојдневното комбинирање на вежби за лице и рутина за нега на кожата, ќе ви одземе неколку минути, но тоа е тајната на кожа со помлад изглед!"