4 начини на кои Love Nature се грижи за планетата!

Трите нови линии на Love Nature ветуваат поголемо уживање за сетилата од кога било претходно. Сепак, тие имаат уште една предност, а тоа е дека сега се уште подобри за средината! Во продолжение дознај како заедно се грижиме за природата.

1. Рециклирана пластика што се грижи за планетата

Тоа што пластичните пакувања на Love Nature сега се создадени од 40% рециклирана ПЕТ-пластика, што е добра за средината, сигурно ќе измами насмевка на твоето лице! ПЕТ значи полиетилен терефталат (или полиестер!), кој денес е еден од најчестите материјали што се користи за изработка на пластични шишиња и амбалажи, најмногу поради тоа што е цврст, лесен и пред сè безбеден!

Рециклираната пластика (PCR - Post-consumer recycled plastic; постпотрошувачка рециклирана пластика) ги прави пакувањата на Love Nature уште попосебни. Ја нарекуваме и „пред-сакана пластика“, бидејќи е добиена од веќе користени и рециклирани ПЕТ-материјали. Ова е огромна придобивка за планетата, бидејќи рециклираната пластика штеди вода и енергија, кои се користат при производство. Има уште добри вести, а тоа е дека со нејзиното користење се намалуваат и производството на јаглерод диоксид и влијанието врз средината, на штетните депонии!

 

2. Органско уживање

Според некои брендови за нега на кожа, доволно е само користењето природни екстракти, но ние не се согласуваме! Потребно е да се направи повеќе за да се создадат производи што се чисти и безбедни. Но што? Растенијата што ги користиме гарантирано се одгледувани, набрани и преработени без користење хемикалии. Ова го намалува изложувањето на кожата на непотребни материи и, наместо тоа, таа може да го впие тоа што ѝ е потребно, во согласност со природата!

Уште една придобивка од линијата е тоа што е поодговорна кон средината. Со помалку хемикалии, се намалува загадувањето, што значи дека подобро можеме да ги зачуваме нашиот екосистем, водата, почвата и агрикултурната биоразновидност.

3 Биоразградливост

Со сè поголемото загадување на водите низ светот, време е да се обединиме и да ја ограничиме штетата! Поради тоа сите производи што се измиваат на Love Nature се внимателно создадени за да бидат 100% биоразградливи. Ова значи дека бактериите и другите живи организми можат природно да ги разградат. Сега можеш да уживаш во нив без да се грижиш дека ќе ѝ наштетиш на средината.

4. Спас за океаните

Сите знаеме дека пластиката во океаните е огромен светски проблем. За да направиме промена треба да им обрнеме внимание дури и на најмалите детали. Поради тоа, пред многу години одлучивме да го забраниме користењето пластични микрочестички во производите за пилинг. Наместо тоа, нашите производи содржат само природни честички (како лушпи од бадеми), кои се распаѓаат со текот на времето без да му наштетат на нашиот драгоцен екосистем и морски живот.

Текст: Фотографии: Орифлеим