oud fragrances

Уд - најценетата состојка во парфимерството

Познат и како течно злато, удот не престанува да ги воодушевува парфимерите низ светот. Ценета со илјадници години, оваа уникатна состојка е една од најлуксузните во светот на парфимерството. Откриј ги нејзините тајни!

Создавањето на дрвото уд
Уд
от (Блискиот Исток, Ал Оуд на арапски), агаровото дрво (Кина) или алоесовото дрво (Индија) е ароматична темна смола што може да се најде во дрвото акваларија во североисточна Индија и Бутан. Тоа се создава кога дрвото се брани од напад на фунгите филозофија паразитика. Ова е редок процес и затоа оваа состојка е исто така ретка.

Дрвото на боговите 
Есенцијалните масла
што се добиваат од уд имаат културолошки и религиски значења низ целиот свет, уште од античките цивилизации. Неговиот мистичен мирис исто така се користи за спиритуално лекување, кое ја подобрува менталната способност. Исто така се смета дека ги прочистува телото и душата.

Како мириса?
Удот мириса... божествено! Неговиот топол состав го комбинира слаткиот мирис со балсамични и дрвенести ноти. На Истокот оваа состојка одамна е позната, а сега започнува да станува популарна и во западниот дел од светот на парфимерството.

Многуте лица на дрвото уд
Познат
и по своите лековити состојки, есенцијалните масла од уд помагаат против настинки и за прочистување на дишните патишта. Неговите смирувачки дејства се добропознати во ароматерапијата. Есенцијалното масло од уд е познато како еден од најмоќните афродизијаци и е симбол на гостопримството.

Доживеј го мистериозниот уд во новите мириси Women’s Collection Mysterial Oud и Men’s Collection Intense Oud.

Текст: Фотографии: Орифлеим, Шатерсток