1. Направи истражување
Можеби ја читаш оваа статија и се прашуваш како можеш да помогнеш. Сакаш да знаеш повеќе и да се вклучиш, но не знаеш од каде да почнеш. Првата и најдобра работа е да се информираш за денешните проблеми поврзани со океаните. Знаењето е моќ!
2. Предизвикај промена!
Една од најлесните работи што можеш да ги направиш е да станеш поборник за океаните и океанските животни. Сега, по твоето истражување, можеш да го споделиш своето знаење со светот! Тоа што го научи сподели го со пријателите и со семејството или размисли за контактирање со надлежните. Предизвикај ја промената што сакаш да ја видиш во светот!
3. Грижи се за локалните плажи
Откако го сподели своето знаење со пријателите, семејството и колегите, се чувствуваш охрабрено да направиш позитивна промена во твојата средина. Зошто да не посетиш некоја локална плажа и да преземеш одговорност за нејзината состојба? Организирај чистење на локалната плажа и обедини ја целата заедница!
4. Внимавај на потрошувачката енергија
Консумирањето енергија и ослободувањето јаглерод диоксид имаат огромно влијание врз океаните, како затоплувањето на водата и промената на нејзиниот состав, кои предизвикуваат зголемување на нивото на морињата и абнормални временски услови. Заштитата на океаните може да се состои само од исклучување на светилките и на електричните апарати од електричниот приклучок кога не ги користиш, како и од возење велосипед наместо автомобил. Исто така, размисли за користење извори на енергија што не ѝ штетат на средината. Можеби звучи амбициозно, но ние користиме 100% обновлива енергија во сите наши згради низ светот!
5. Поддржи ги организациите што се борат да ги заштитат океаните
Ако побараш на интернет, ќе видиш дека постојат многу организации што напорно работат да ги заштитат океанските живеалишта и суштества. Најди организација на која ѝ веруваш и размисли за донација или за волонтерска работа. Ова е одличен начин да им помогнеш на експертите за заштита на океаните, како и забавна можност да запознаеш луѓе со исти ставови како твојот!