Пет совети за одржлив дом и заштеда!

Постојат многу различни работи што можеш да ги направиш за да живееш поодржлив живот! Без разлика на буџетот или на животниот стил, можеш да придонесеш за поголема одржливост, а тоа може да ти помогне и да заштедиш! Одбравме пет омилени совети што ќе ти помогнат да почнеш.

Замени го новото со обновено!
Ова е одличен совет за живеење одржлив живот, како и за заштеда! Доколку твојата софа е малку излитена, почни нов проект за обновување. Ова најверојатно ќе те чини само дел од цената на нова софа! Биди креативна кога го декорираш домот и користи работи што веќе ги имаш.

Светлина и заштеда!
Кога размислуваме за светлината и за одржливоста, најчесто мислиме на користењето на светлината за создавање енергија, но светлината е повеќе од соларни панели. Размисли како ја користиш светлината во твојот дом.

Фрижидерот не треба да стои на директна сончева светлина, бидејќи ако е изложен на сонце, тој ќе работи повеќе за да остане ладен, а ти плаќаш за тоа. Исто така, стоењето пред фрижидерот до отворена врата, додека се мислиш што да јадеш, не е евтино. Одлучи се пред да ја отвориш вратата! Исто така, дали знаеш дека можеш да заштедиш 10% од струјата што се троши при греење во зима доколку ги кренеш ролетните за да влезе светлина? Пробај го овој совет!

Внимавај на водата
Внимавањето на водата е еден од најважните начини на кои можеш да ѝ помогнеш на планетата и да живееш одржливо. Постојат мали промени што можеш да ги правиш постепено секој ден, како исклучување на водата додека ги миеш забите (ова е одличен начин и подолго да ги миеш забите) или да садиш само растенија на кои им е потребно малку вода. 

Во спротивно можеш да инвестираш во нешто потехничко, како систем за собирање дождовница, кој ти овозможува користење дождовна вода. Во Индија, нашата фабрика за Wellness, го прави токму тоа. Целата фабрика! Тогаш, зошто не би можела и ти?

Имај одржлив пристап кон убавината 
Еден чекор кон поодржлив дом е да процениш какви производи за убавина поседуваш. Размисли за применување поодржлив пристап кон убавината и почни да користиш производи за убавина што не ѝ штетат на природата и се создадени со одржливи методи. Пробај го шеќерниот пилинг за тело Milk & Honey Gold, измазнувачки пилинг што содржи само природни состојки за пилинг, за да не ја загади водата со микропластика!

Користи одржливи материјали!
Не заборавај да понесеш торба пред да заминеш во продавница. Користењето торба наместо пластични ќесиња е практичен начин да придонесеш за заштита на животната средина. Искористи го времето поминато на телефон за да истражиш кои други секојдневни предмети можеш да ги замениш со одржливи. Алтернатива за користење природни материјали е рециклираниот полиестер, кој овозможува преработка на стара пластика и од кој се изработуваат многу видови облека и предмети. Информирај се и малку по малку почни да воведуваш одржливи алтернативи во твоето секојдневие.

Текст: