5 правила за подобро здравје

Сите знаеме дека вежбањето е една од најважните активности за нашето здравје, но еднакво е важно и што консумираме и кога. Следуваат пет едноставни совети што ќе ти помогнат да одлучиш кога, што и како да јадеш!

Неправилно

  • Пиење кафе по 12 часот. На кофеинот му се потребни околу 10 часа да се разложи во телото на просечниот човек. Ако пиеш еден филџан кафе попладне, твоето тело може сѐ уште да биде под дејство на кофеинот по полноќ, што е лошо за спиењето! Сепак, темпото на разложување на кофеинот е индивидуално кај секого и зависи и од количеството испиено кафе. За секој случај, пиј кафе претпладне!

  • Консумирање храна богата со влакна без пиење вода. Внесувањето храна богата со влакна е одлично за здравјето, но ако не внесуваме доволно вода, може да почувствуваме тегоби. Влакната апсорбираат вода, што ѝ помага на храната побрзо да се движи низ дигестивниот систем и полесно да се отстрани. Ако си дехидириран, може да имаш проблем со дигестијата. Поради тоа, пиј повеќе вода!

 

Прави

  • Консумирај ги оброците во исто време секој ден. Нашето тело ги сака рутините! Неколку студии тврдат дека нередовното консумирање оброци е поврзано со метаболичен синдром и ризични фактори, како висок крвен притисок и индекс на телесна маса. Нашиот метаболизам работи според 24-часовен распоред и ги очекува истите работи секој ден, во истото време!

  • Јади темно чоколадо наместо млечно чоколадо. Темното чоколадо со високо ниво какао (70% или повеќе) е подобар избор од млечното чоколадо. Темното чоколадо изобилува со антиоксиданти, кои го штитат телото од стареење и од болести, има пониско количество шеќери и содржи минерали како магнезиум, железо и цинк.

  • Консумирај повеќе цинк за подобар сон. Најновите истражувања покажаа дека нивото на цинк е поврзано со спиењето. Цинкот се содржи во месото, школките, мешунките, јаткастото овошје, семките и во млечните производи. Исто така, можеш да внесуваш цинк преку додатоци во исхраната за го внесеш потребното количество.
Текст: