Дали ви требаат мултивитамини?

Дали вашата исхрана ви ги обезбедува сите витамини и минерали што му се потребни на телото за да биде здраво? Кај многу, одговорот е не. Еве како можат да ви помогнат мултивитамините.

ПРОВ И ОСНОВНО, ШТО СЕ МУЛТИВИТАМИНИ? 
Нормално, се конзумираат во форма на таблети, претставуваат микс на витамини и мнеали што имаат цел да ги пополнат недостатоците во вашата диета. Иако телото природно не произведува витамини и минерали, потребни му се за да функционира правилно. Земањето мутивитамини не треба да ја замени храната, туку само да ја надополни здравата диета. 

ДАЛИ МУЛТИВИТАМИНИТЕ ЌЕ МИ ГО ПОДОБРАТ ЗДРАВЈЕТО? 
Здравата исхрана треба да му обебеди голем број од потребните нутриенти на телото, а мултивитамините само да го надополнат тоа. Мултивитамините во Орифлеим Wellness пакувањето содржат 12 витамини и 10 минерали што се внимателно избрани за да придонесат за подобро здравје. Исто така содржат ДХА за нотмална функција на мозокот, Б витамини за енергија и витамин Д за здрав имунитет.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО СЕКОЈ ДЕН ДА СЕ ПИЈАТ МУЛТИВИТАМИНИ?
Да, секако дека е. Но, мултивитаминот треба да биде формулиран да ја содржи правилната количина витамини и минерали за да ја поддржи вашата исхрана на дневно ниво - ни повеќе, ни помалку. Треба да се држите до препорачаната доза заради безбедност добро здравје. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со лекар.

ДАЛИ МУЛТИВИТАМИНИТЕ ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ИЗГЛЕДОТ НА МОЈАТА КОЖА? 
Состојките кои влијаат на добрио изглед на кожата се дел од мултивитамините. На пример витамин Ц: овој моќен антиоксидант игра клучна улога во процесот на формирање на колаген за зацврстување и измазнување на кожата.

ДАЛИ МУЛТИВИТАМИНИТЕ ЌЕ МИ ПОМОГНАТ ДА НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ТОЛКУ УМОРНО?
Чувството на умор може да се поврзе со стрес, расположение, нетолеранција на одредена храна, болест и секако, недостаток на сон. Иако мултивитамините не се лек за умор, може да помогнат. Тие често содржат состојки како железо што им помага на протеините да го разнесат кислородот низ телото и магнезиум што е есенцијален за производство на енергија. Мултивитамините исто така придонесуваат за здрав имунитет, со што се намалуваат шансите да се разболите, што доста често води кон умор.

ВЕЖБАМ ЧЕСТО, ДАЛИ МИ ТРЕБААТ МУЛТИВИТАМИНИ?
Мултивитамините ги пополнуваат празнините во вашата исхрана, нешто што не може да се дополни со вежбање. Но, мултивитамините исто така содржат калциум, магнезиум и витамин Д, што придонесуваат за здрави мускули, и помагаат телото да се обнови по вежбањето. Мултивитамините исто така ќе придонесат за поздрави срце и бели дробови, а доколку тие не ви се во добра состојба не можете да вежбате.






Текст: Фотографии: Kristine Wreyford, Shutterstock