КОМБИНИРАНА КОЖА
Изглед на кожата:
Комбинираната кожа не е лесно да се препознае. Вообичаено е да имате мрсна Т-зона, а сува или нормална кожа на другиот дел од лицето.
Како да ја негувате:
Користете различни производи за различни делови од лицето. Лесни гелови и производи за апсорбирање на маснотијата на Т-зоната, а потхранувачки креми на сувите делови од лицето.
Производи кои ние ги препорачуваме за комбинирана кожа: Ecollagen Wrinkle Correcting Дневен крем и Optimals Oxygen Boost Дневен крем за нормална/комбинирана кожа
МРСНА КОЖА
Изглед на кожата:
Мрсниот сјај на кожата е повоочлив доколку имате хормонални промени или ако ја третирате кожата со производи кои содржат висок процент на алкохол. Може да имате проблеми со црнки и акни или зголемени пори околу Т-зоната.
Како да ја негувате:
Не се обидувајте да ја исушите со миење зошто ова ќе го поттикне производството на маснотии. Наместо тоа користете нежен гел, а потоа некомедонски серум или лосион на база на гел. Хидратацијата на овој тип е особено важна за обновување на балансот. Влажните марамчиња за лице може да помогнат во чистењето вишокот маснотии преку ден, а еднаш неделно ставајте глинена маска која ќе ги исчисти наталожените нечистотии.
Производи кои ние ги препорачуваме за мрсна кожа: Optimals Oxygen Boost Дневен крем за мрсна кожа, True Perfection Perfecting Серум, Ecollagen Lightweight Крем.
СУВА КОЖА
Изглед на кожата:
Надворешниот слој на сувата кожа има слаба способност да го одржува потребното ниво на влажност. Сувата кожа се карактеризира со многу затегнати пори, груб тен со видливи брчки и црвенила
Како да ја негувате:
Сменете ги производите за чистење со силни состојки кои ги отстрануваат липидите на кожата со нежно млеко за чистење. Навлажнувач со висок СПФ ќе ја заштити кожата од сончевите оштетувања и користете дневен крем со уреа и млечна киселина. Наместо да ја ексфолирате сувата кожа, нежно масирајте ја со млекото за да ја исчистите. Топлите купки ја сушат кожата затоа избегнувајте ги.
Производи кои ние ги препорачуваме за сува кожа: True Perfection Дневен навлажнувач и Ecollagen Advanced Protection Дневен крем за заштита со СПФ 30
ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Изглед на кожата:
Лесно се иритира, има нерамна текстура со суви делови или многу лесно поцрвенува.
Како да ја негувате:
Избегнувајте производи кои се парфимирани или содржат силни состојки против стареење. Ако имате симпоми на чешање и црвени точки пробајте нови производи наменети за овој тип на кожа, но претходно тестирајте ги за да избегнете било каква реакција.
Производи кои ние ги препорачуваме за чувствителна кожа: Optimals Oxygen Boost Дневен крем за сува/чувствителна кожа.