Јаглен - црното злато на козметологијата

Јагленот е изненадувачки разновидна состојка, која сега се смета за црно злато во индустријата за убавина. Искуси ја моќта на оваа новооткриена состојка и исчисти го лицето од мозолчињата!

Ако го гледаш јагленот само како средство за потпалување, следува едно изненадување за тебе. Јаглената маска што се лупи Pure Skin на Орифлеим содржи активен јаглен, кој можеби веќе го имаш дома, за олеснување на стомачните тегоби! Сега, индустријата за козметика го откри потенцијалот на неговите прочистувачки својства.

Прочистувачките својства на јагленот му помагаат да ги впие вишокот масти и нечистотии од површината на лицето. Нечистотиите и мастите се сврзуваат со маската и се отстрануваат заедно со неа. Резултатот е прочистена кожа, која изгледа посветло и помазно, но го контролира и нивото на излачување на мастите, што ја прави совршена за кожата со мозлочиња.

Јаглената маска Pure Skin има тајно оружје, а тоа е ананасот. Под неговата специфична кора има богатство од природни состојки што помагаат за чистење, осветлување и хидратација на кожата. Твојата кожа ќе биде темелно ексфолирана и без мртви клетки!



Како се користи јаглената маска Pure Skin:

Чекор 1: Исчисти ја кожата. За зголемување на ефектот на маската можеш да ставиш и млака крпа врз лицето неколку минути пред користењето, за отворање на порите.

Чекор 2: Нанеси тенок слој од маската и распредели ја еднакво низ целото лице или, пак, нанеси ја само на Т-зоната или на другите проблематични места. Избегнувај ја кожата околу очите, до косата, веѓите и усните. За попрецизно нанесување, користи ја четката за нанесување течна пудра Giordani Gold.

Чекор 3: Остави ја 20-30 минути, додека се исуши целосно маската. Потоа нежно излупи ја, почнувајќи од краевите.

Чекор 4: Исплакни го вишокот производ со вода и со прочистувачкиот гел за миење лице Pure Skin. Потоа продолжи со вообичаената рутина за нега на кожата и не заборавај да ја хидрираш кожата!

Составот на јаглената маска Pure Skin на Орифлеим е посебно приспособен да биде безбеден и за чувствителната кожа и соодветен за користење дури и до трипати неделно. Отстранувањето е нежно и не ја иритира кожата. Можеш да ги пробаш сите предности на јагленот и да уживаш во користењето на маската!

Текст: Фотографии: Орифлеим