Зошто да користиш пилинг?

Комплиментите може да ти го развеселат и разубават денот. Истото важи и за твојата кожа! На кожата ѝ се потребни комплименти за да изгледа и да се чувствува добро. Најдоброто нешто за враќање на сјајот на кожата и на твојата самодоверба е пилингот. Ако досега не си користела пилинг, време е да ја усовршиш твојата рутина и да додадеш производ за пилинг за лице.

ВРАТИ ГО СЈАЈОТ НА КОЖАТА!

Твојата кожа создава милион стари клетки секој ден. Старите клетки излегуваат на површината, правејќи ја кожата сува и уморна пред природно да исчезнат. Во случај да не се отстранат може да ги запушат порите. Поради тоа, пилингот може многу да ти помогне, така што ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе ја освежи кожата. Пилингот, исто така, ѝ помага на кожата да ги впие другите производи од твојата рутина. И во двата случаја не можеш да загубиш!

ДАЛИ ПИЛИНГОТ ОДГОВАРА НА МОЈАТА КОЖА?
Да, само треба да избереш соодветен пилинг! Може да наидеш на повеќе погрешни информации, како на пример, дека не треба да ја отстрануваш мртвата кожа со пилинг, но спротивното е вистина. Недостигот на хидратација на кожата создава пукнатини во нејзиниот заштитен слој и со отстранување на мртвите клетки, хидратантните креми можат полесно и подлабоко да навлезат во кожата. Пилингот, исто така, им помага на новите клетки полесно да излезат на површината на кожата со што кожата останува хидрирана. Од друга страна, масната кожа произведува повеќе мртви клетки од нормалната или комбинираната кожа, што значи дека пилингот е од суштинско значење ако имаш масна кожа. Единствено треба да внимаваш при бирањето пилинг, да не избереш производ со прегруби честички, кои можат да ја иритираат кожата.

ДАЛИ ПИЛИНГОТ Е ДОБАР ЗА ЗРЕЛА КОЖА?
Обновувањето на кожата забавува со стареењето и мртвите клетки остануваат на кожата уште подолго, давајќи ѝ уморен изглед. Додавање пилинг во твојата рутина за нега на кожа, дури и на 50 години, може да биде суперефективно за стимулирање на обновувањето на клетките. Не знаеш кој е твојот тип кожа? Реши го тестот и дознај.

Дали знаеше дека од 2014 година, Орифлеим користи честички за пилинг од природно потекло во производството на нови производи?  Избери пилинг и твојата кожа ќе зрачи со неверојатен сјај!

Текст: