Дали знаеш дека сетилото за мирис е 10.000 пати почувствително од другите човечки сетила? Тоа е така бидејќи сетилните рецептори во горниот дел на носот испраќаат пораки директно до мозокот, каде што пораките се толкуваат како мириси. Веднаш ги препознаваме мирисите, а тоа е неверојатно, бидејќи постојат илјадници различни мириси што ги чувствуваат различните комбинации на рецептори. Тоа е како молекулите за мирис да свират симфонија, а нашиот нос претставува цел оркестар.
Делот од мозокот што ги препознава мирисите е најстариот и најпримитивен дел, лимбичниот систем. Овој дел, исто така, влијае врз учењето, меморијата и врз чувствата. Тогаш не е чудно што некои мириси може да имаат голема моќ врз нашето расположение. На пример, лавандата ни помага да се опуштиме и ја намалува напнатоста. Сепак, постојат и мириси што му помагаат на мозокот да се разбуди и да обрне внимание
Парфимираната тоалетна вода Magnetista е создадена со оваа привлечност на умот. Започнува со свежи и привлечни ноти, како наросени цветови нероли, црна рибизла и розов бибер, а завршува со топли и привлечни ноти на мошус, сандаловина и на ванила. Сепак, нејзината тајна моќ лежи во срцевината. Впечатливиот акорд на пасифлора е волшебна мирисна нота што ја одликува електричната привлечност помеѓу двајца сакани. Всушност, развивањето на мирисот Magnetista е имитација на фазите на поврзаност и зголемена привлечност.
Мирисот го тестираа неврохирурзи, за да се осигуриме за неговиот магнетен ефект. Истражувањето вклучува проценување емоционални реакции, мерење на активноста на мозочните бранови и следење на очите. Доказите покажаа дека парфимираната тоалетна вода Magnetista остава позитивен впечаток само по едно изложување и ја зголемува моќта на корисничката врз мажите.
Зошто да ѝ препуштиш нешто на случајноста кога науката е на твоја страна?