Ефикасниот супер-суплемент

Суплементот што им дава на свездите и ВАС здраво тело и блескав тен.

Како "зависник" од убавина, постојано барам нови решенија што (лесно) можат да направат да изгледам и да се чувствувам како принцеза - или можеби како Бијонсе. Дали и вие сте ги пробале рибините масла и сокот од алое вера со надеж дека ќе добиете сјајна кожа и силно тело? Кога дознав преку Дејли Меил дека Гвинет Палтроу и Хајди Клум користат суплемент наречен астаксантин, се разбуди мојот интерес да дознаам повеќе. Сигурно е добар.

Умирав од љубопитност да дознаам, па ги исконтактирав Бурчак Улмер, сениор нутриционист во Орифлеим, и Аке Лигнел, извршен директор и одговорен за истражување и развој во Астареал, за да дознаам како дејствува астаксантинот и дали навистина може да ги подобри моето тело и мојата убавина само преку земање една капсула заедно со мојот доручек. Звучи премногу добро да биде вистинито, нели?  

Моето прво шрашање беше што е астаксантин и како дејствува на телото.

‘Тоа е каротеноид , природен пигмент што го има во алгата Haematococcus Pluvialis, "Meѓу другото, и ја дава розовата боја на алгата.", објаснува Бурчак.

Алгите се сушат, се дробат во прав, а потоа се ставаат во капсули. Пигментот е моќен антиоксидант што прави се - од обезбедување УВ-заштита до борба против слободните радикали. Има превентивно дејство против воспаленија по вежбање и е толку ефикасен што професнионалните спортисти го користат за побрзо да можат да се вратат на следниот тренинг. 

THE SUPER SUPPLEMENT THAT ACTUALLY WORKSАке Лигнел одговори на моите прашања за тоа што може астаксантин да направи за кожата (која моментално ги игнорира сите мои обиди да биде сјајна). Тој ми објасни дека овој суплемент ги зголемува нивоата на колаген, ги намалува тенките линии и ја хидрира кожата, па таа станува поеластична. Веднаш се чувствувам нетрпеливо да го пробам!

Бурчак објасни дека астаксантинот се раствора во масти и најдобро се апсорбира кога се зема заедно со храна. "За да го зголемите ефектот, можете да го земете со рибини масло", таа предложува.

Голема салата е секогаш добар и хранлиав избор, па ако останете без испирација, освен традиционалните домат и краставица, ќе најдете рецепти за вкусни салати во голем број книги со рецепти.

Јас лично сакам да ги пробам сите зеленчуци и сите суплементи. А придобивките од стаксантин звучат премногу добро за да можам да го игнорирам. Па така, дома ќе додадам уште една тегличка на мојата полица со витамини - и мислам дека одлично ќе се сложуваме!

Напишано од : Ема Нибом Јохансон


Текст: