Зошто да бидеш сам свој газда

Замисли живот во кој ти одлучуваш како ќе живееш, имаш слобода да одбереш како ќе го потрошиш твоето време и на што ќе работиш. Звучи интересно? Да, и нам исто така! Иако самовработувањето може да биде тешко, постојат многу причини зошто преземањето на тој чекор на слобода е одлична идеја.

1. РАБОТИ КОГА САКАШ
Смачено ти е од седење во канцеларија? Заборави на тоа! Кога работиш за себе, светот е навистина во твои раце. Можеш да работиш в
о кујна, во твоето омилено кафуле или дури на плажа. Изборот е твој.

2. ИЗБЕГНИ ГО МЕТЕЖОТ
Метежот во сообраќајот, трошоците за превоз, нередовниот градски превоз, лошото време се причини зошто не е забавно да се стигне до работното место и причини за поголем стрес и фрустрации. Кога работиш за себе и светот е твоја канцеларија, метежот е избегнат.

3. ТВОЕТО ВРЕМЕ Е САМО ТВОЕ
Ти одлучуваш колку часа во денот сакаш да работиш и кога ќе одиш на одмор. Нема повеќе прашување за одобрение да одиш на одмор или да стигнеш на претставата на твоето дете. Можеш да му посветиш време на своето семејство и на хобија колку што ќе посакаш.

4. НАУЧИ НОВИ РАБОТИ
Знаеш подобро од ко
го било кои вештини треба да ги развиеш. Можеби сакаш да научиш нов јазик, сметководство или некоја интернет-обука за маркетинг. Можеш да одлучиш што ќе ти помогне тебе и да пораснеш во твоето работење. Накратко, можеш да пораснеш ако пробаш нови работи.

5. НАПРАВИ НЕШТО ШТО ПОСАКУВАШ ОДАМНА
Ако не уживаш во она што го правиш сега, тоа негативно влијае на твоето секојдневие. Кога работиш за себе, можеш да се фокусираш на она што ти значи или што те прави среќен. Можеш да го одбереш твојот пат и да донесеш одлука што најмногу ти одговара. Откако ќе ги земеш работите во свои раце и ќе станеш свој газда, твојата самодоверба
ќе расте и повеќе ќе го цениш твоето работење и што е потребно за да ги оствариш твоите соништа. Кога си сам свој газда, ти ја контролираш својата судбина. Ти одлучуваш колку далеку ќе стигнеш и како. Затоа, време е да го направиш првиот чекор и да ја промениш својата судбина.

Текст: Фотографии: Гети