WANDERLUST МИРИСИ: Посети ја убавата шведска природа

Исто како што може и убавиот мирис на слатки, оживувајќи ги спомените од детството, парфемот може да те однесе на патување на кое можеш да откриваш нови работи, без да ја напуштиш (заклучиш) твојата куќа. Иако можеби во моментов не можеш да патуваш на идилични езера, бујни шуми или песочни плажи, избегај од секојдневната рутина од дома со новите .SE мириси.

Потопи се во вечерните пливања во магливото езеро под месечината

Затвори ги очите и откриј го неочекуваниот мирис од Див рузмарин кој ќе се претвори во свежо, месечинско светло во езерото. Потсетувајќи на ладно, магливо шведско езеро и остра вода на кожата, Дивиот рузмарин е цветна грмушка што расте во областите на мочуриштата во Шведска - и само едно прскањена воден и минерален мирис ќе те натера да нуркаш во шведската вода со пријателите. Го знаете тоа воодушевено чувство што го чувствувате кога ќе удрите во студената вода или кога ветрот лута низ вашата коса?

Овој мирис - откриен во Стигсбо и клучната нота во .SE Wild Hearts парфемот - ќе го ослободи истото чувство на новооткриена слобода.

 

Прошетај низ шумата и релаксирај се покрај големите огнови

Избегај од твојот стан во градот со интензивно зачаден мирис на дрво од бреза, бидејќи си обвиткана со чувство на колективна топлина и срцето ти е преполно со оптимизам и радост. Дрвја од брези те опкружуваат додека шеташ низ огромна шведска шума – и оваа длабоко топла, дрвенеста арома ќе те натера да сонуваш да се изгубиш во шумата и да седиш околу пламениот оган пеејќи шведски народни песни. Подготви се да почувствуваш смиреност, како да сте едно со природата. Се вели дека прошетката низ шумите може да има лековито дејство врз умот, а овој мирис – главната состојка во .SE Blazing Warmth парфемот  буди емоционални спомени уште при првиот мирис. 

 

Откриј магичен час и одбери прекрасни шведски диви цвеќиња

Со причина, швеѓаните ги сакаат долгите, бесконечни летни денови. Соодветно именуваниот магичен час ги осветлува небото и твојата душа, додека топлината на златната светлина се спојува со ладните, сини нијанси и наближувањето на полноќ. Побрзај  да ја доживееш самата оваа магија во неверојатната шведска градина во Хамарби, близу Упсала, со мирисите .SE. Додека одбираш диви цвеќиња, очекувај моќниот мирис на дивите тревни трајни растенија најпрво да те погоди и да се катапултира директно до твоето срце, додека свежата експлозија на цвеќињата танзи зрачи со позитивност.

Дали си подготвена да одиш на шведско празнично искуство? Прсни се со .SE парфемот и и за кратко време ќе се пренесеш во шведската природа што го одзема здивот.