Што, според тебе претставува женственоста?
Женственоста е состојба на единство со својата вистинска природа. Женственоста за мене претставува енергија на мудроста, балансот, нежноста и неверојатната сила во исто време, сензуалност, и секако хармонија.
Дали мислиш дека постои врска помеѓу мирисите и привлечноста?
Секако, па ние сме деца на природата. Мирисите се насекаде околу нас и тие се поврзани со нашите емоции, влијаат врз нас и нашето расположение, ја будат нашата фантазија и некогаш провоцираат.
Која е твојата тајна зад женствената привлечност?
Самодовербата! Важна вистина е тоа што женственоста директно зависи од самодовербата на една жена. Таа е како внатрешен компас што води до сите нешта во животот, а се гради со самопочит и хармонија со себеси.
На што најмногу обрнуваш внимание кога си во потрага по нов мирис?
Најголемо внимание посветувам на чувствата што тој мирис ги буди кај мене, најважно ми е јас да уживам во аурата на тој мирис што го нанесувам на моето тело. Доколку ми буди убави емоции и се чувствувам посебно радосно, сензуално, тогаш знам дека тој мирис е полн погодок за мене и тој секогаш ќе ги потенцира моите вистински квалитети.
Што најмногу те освои кај Magnetista?
Мистеријата и пеперутките што ги почувствував во стомакот кога првпат пат нанесов Magnetista на себе ми открија нова состојба, во која јас се чувствувам баш како во својата кожа. Тука имам комплетна контрола, самодоверба, елеганција и со комплетна леснотија ги остварувам моите соништа. Magnetista е мистична сензуалност, која на секоја жена се развива уникатно, вистински посебно.
Дали мислиш дека секоја жена треба да има свој препознатлив мирис?
Мирисот на жената е нејзиниот ароматичен портрет. Секоја жена заслужува да има свој препознатлив мирис, кој ќе ја изразува нејзината личност, ќе ја радува во секојдневието и ќе помогне да го користи својот природен потенцијал.
Што би им препорачала на жените што се во потрага по нов мирис?
Дами, дозволете си да бидете среќни во својата кожа. Како да го направите тоа? Па, секако, со внимание и нега кон себеси. Уживајте во нештата што ве радуваат, дали е тоа дружба со вашите пријателки, интересна книга или нов мирис што ве маѓепсал - дозволете си го тоа уживање. Барајте со помош на чувства и тогаш ќе го пронајдете новиот ВИСТИНСКИ мирис што ќе ја потенцира вашата личност.