Водич за совршена нега на кожата според експертите за животна средина

Дали вашата убавина е во согласност со одржливиот животен стил? Ја прашавме Антонија Симон-Стенберг: таа знае. Антонија работи секој ден за да докаже дека можете да изгледате добро и да не ви е криво за тоа. Како заменик-претседателка за одржливост и квалитет на Орифлеим, нејзината работа е да ги спои двата света: науката и гламурот, како предводници на убавината. Нѐ интересираше нејзиниот животен стил, па затоа поразговаравме со неа.

 

Деновиве постојано го слушаме поимот „одржливост“, но што значи всушност тоа?
Во Орифлеим тоа значи создавање одговорни производи со природни состојки, што ги задоволуваат строгите правила за заштита на животната средина и имаат минимално влијание врз неа. Но одржливоста не се однесува само на производите туку таа значи и стремеж да се ограничи влијанието врз животната средина од сѐ што правиме.

Орифлеим е компанија што отсекогаш се грижи за подобрување на животот на луѓето. Ова не се однесува само за нашите клиенти, доставувачи и вработени, туку и за целото општество.

Дали има поврзаност помеѓу убавината и одржливоста? 
Секако! Само што изработивме нова стратегија за одржливост - визија за одговорно создавање шминка и производи за убавина. Нашите клиенти треба да се фокусираат на своите потреби и да не се грижат за состојките, без разлика дали бараат вистински лосион за лице или најнова нијанса кармин.

Зошто се решивте на ваква кариера во светот на убавината?
Ми се допаѓа гламурот во комбинација со сериозната и техничката страна.

Со кое достигнување на Орифлеим се гордеете најмногу?
Лансирањето на EcoBeautyТоа е првата козметичка линија во светот што доби акредитација од водечките независни организации за одржливост. Не само што е целосно посветена на природни, етички и одговорни состојки и процеси туку е и линија за нега на кожата што нуди фантастични резултати.

Опишете го вашиот режим за нега на кожата!
Беспрекорна кожа е мојата цел. Бидејќи се наближувам кон моите 40-ти, мене ми е потребна соодветна рутина за нега што ја одржува мојата кожа хидрирана. Мои задолжителни производи се нежен лосион за чистење лице, хидрирачки дневен крем и богат, хранлив ноќен крем. Исто така редовно користам и серум за да го подобрам тонот на кожата и да ја направам поблескава.

Што презема Орифлеим за да стане поодржлива компанија?
Што се однесува до состојките, ние сакаме да разбереме колку се природни, етички и одговорни состојките што ги користиме и врз база на тоа да донесуваме одлуки. На пример, повеќе немаме пластични микрогранули во нашите производи, туку сега користиме само ексфолијанти од природно потекло, што е поодржлива алтернатива.

Исто така сме горди и што денес 67% од електричната енергија кај нашите производствени капацитети се добиваат од обновливи извори и што од 2010 година ја намаливме нашата емисија на COза 30%.

Не смеам да заборавам и дека користиме одржливо палмино масло, хартија и пакување на производи, намалена зависност од петролеум и дека се грижиме за доброто на животните! Направивме многу, но знаеме и дека секогаш можеме да направиме повеќе.

 








Текст: Фотографии: Орифлеим