Професија што ја сакаш
Сите знаеме дека сме најуспешни кога правиме нешто што го сакаме. Можеби веќе имаш почнато да ја претвораш својата страст во професија, а доколку го немаш направено тоа, не постои причина зошто да не почнеш! Ова нѐ води до вториот совет: запомни, секогаш...
Биди смел!
Храбрите и смелите успеваат во животот и затоа сподели ја твојата вистинска убавина со светот и пробај нешто ново! Сега е добро време да ја направиш промената што отсекогаш си сакал да ја направиш. Не чекај до утре, следната недела и година. Оваа промена нека ти биде приоритет и направи ја сега!
Замисли ја твојата цел
Првиот чекор во секој нов и возбудлив потфат е да имаш цел што јасно можеш да си ја замислиш. Зошто сакаш да почнеш нова кариера? Што сакаш да постигнеш? Јасно размисли за твојата цел (дури и запиши ја), и ќе ја оствариш.
Професионална заедница
Почнувањето нов бизнис може да биде застрашувачко и затоа придружи се на заедница од истомисленици (или основај ја!) со кои можеш да споделуваш совети. На овој начин ќе имаш поддршка во тешките времиња, а и некој со кого ќе можеш да ги прославиш твоите успеси!
Биди активен на социјалните мрежи!
Не заборавај да го промовираш својот бизнис! Денес самопромоцијата е клучна за успешен бизнис и, како независен претприемач, од тебе зависи да споделиш со светот колку сте фантастични ти и твојот бизнис. Никогаш не е доцна да станеш активен на социјалните мрежи!