Денес најверојатно се знае повеќе за нега на кожа отколку што некогаш сте мислеле дека е можно - состојките како ретинол и витамин Ц станаа сè попопуларни во последниве години. Но колку повеќе знаете толку повеќе прашања имате! Ова се вшите прашања за нега на кожата кои најчесто се пребарувани на Google во 2021 година а на кои одговори нашиот постар научник за нега на кожа Адам Маглтон.
1. Кој е правилниот редослед на рутината за нега на кожа?
Средство за чистење, тоник, крем а областа околу очите, серум, дневен или ноќен крем.
2. Каква нега на кожа е безбедна во текот на бременоста?
Вашата кожа може да се промени во текот на бременоста поради хормонални промени. Повеќето производи за нега на кожа треба да бидат безбедни за употреба но да се внимава за производите што содржат ретинол/витамин А високо ниво на витамин Ц, салицилна киселина или АХА, односно гликолна киселина.
Вашата кожа исто така може да биде сува во текот на бременоста па така сигурно ќе ви биде потребна повеќе хидратантна и хранлива рутина во споредба со она што вообичаено го користите, како што е Optimals Hydra Radiance.
3. Дали треба да се измие лицето пред или по туширање?
Треба да се измиете по туширање видејќи температурата на водата во тушот генерално е многу топла и може да ја дехидрира кожата и да предизвика раздразливост. Задолжително користете млака вода и благо/нежно средство за чистење како што е NovAge Supreme гелот за чистење лице.
4. Можете ли да користите АХА и ретинол заедно?
Кога користите производ со АХА или ретинол, тоа мора да биде навечер. Ако сакате да користите АХА и ретинол заедно, применувајте ги најизменично – не во иста вечер. Ако сакате да користите АХА пробајте го нашиот NovAge Proceuticals 6% АХА пилинг раствор и NovAge ProCeuticals ретинол капки со серум .
5. Можете ли да мешате ретинол со витамин Ц?
Нашиот производ со витамин Ц се препорачува да се користи само еднаш дневно, навечер. Меѓутоа, доколку сакате да го користите заедно со ретинол тогаш нанесете го наутро а потоа производот со ретинол може да се користи навечер.
Бидејќи и двете се активни супстанции со висока ефективност, потребно е да се внимава бидејќи кожата можеби нема да мже да ја толерира употребата на двете активни супстанции одеднаш. Препорачувме постепено да ја воведувате нивната комбинирана употреба за да избегнете потенцијална иритација.
6. Како да се ослободите од акните?
Неколку работи може да предизвикаат појава на акни: хормони, начин на живот, стрес, лошс исхрана, пушењето и генетиката можат да поттикнат појава на мрсна кожа и на крај појава на мозолчиња. За да го спречите тоа, користете производи што го регулираат производството на себум и пилинг на кожата за да ги одзатнете порите и да помогнете во отртранување на мртвите клетки на кожата. Ги препорачуваме Pure Skin палетата или NovAge Clarifying System.
Избегнувајте прекумерно чистење и употреба на премногу агресивни средства за чистење бидејќи тоа може да ги влоши акните и да ја исуши кожата предизвикувајќи прекумерно производство на себум.