Lip sensation - блогерски предизвик

6 блогерки од најдалечните делови на глобусот го пробаа The ONE’s Lip Sensation Matte Mousse - проверете ги нивните стилски тајни и и како го носеа!

МЕКСИКО
Александра Иванисевич, MexAlex:
Носи: Toffee Cream

“Немам многу големи усни и сметам дека мат ефектот е совршен за мене. Не знам зошто, но мислам дека ги прави моите усни да изгледаат поголеми! Им дозволувам на усните да го привчеат целто внимание така што носам природна шминка и едноставна гардероба - мат ефектот е одличен, па затоа треба да биде во центарот на вниманието. Ќе се држам до едноставниот изглед!”

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 
Наташа Нган, Natasha Ngan, Girl in the Lens
Носи: Coral Dream

“Мат-шминката секогаш има луксузен изглед што е одличен за секој ден. Исто така додава секси шмек. Доколку изберам мат усни, тогаш остатокот од шминката што ја носам е едноставна - малку туш за очи и бронзер се доволни! Исто така сакам да носам мат усни со фатена коса за да ги нагласам усните уште повеќе. Преку ден, го носам во комбинација со едноставна бела маичка и момчешки фармерки за опуштен стил со доза елеганција - пар чевли со висока потпетца за да комплетирање на изгледот! навечер, сакам да си играм, и бојата на карминот да ми одовара со бојата на фустанот - има нешто толку живо кај коралните усни и корален фуста, особено на лето.”


"Не плашете се од карминот. Не треба да се плашите да бидете фантастични и да се чувствувате прекрасно! "

РУСИЈА
Викторија Моисеева, Koffka the Cat
Носи: Boysenberry

"Оваа тренди и суперповеќенаменска нијансја на карминот е совршена за секој тен - од најсветол до најтемен! Бојата изгледа навистина убаво благодарение на пенливата текстура и кадифениот мат финиш, па затоа сакав да креирам готски изглед. За да го постигнам, ги оставив веѓите колку можам поприродни - а усните ме потсетуваат на меки ливчиња роза."

РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
Адела Мазанкова, The Aesthet
Носи: Toffee Cream

“Сакам колку може поприродна шминкка, па како што можете да видите по сликите, се држам до природни земјени и основни бои и во мојот гардеробер. Се вљубив во несо-бојата на Lip Sensation Toffee cream и фактот дека е мат, па функционира по малку како пудра - само за моите усни. Свеж е, има лесна и конзистентна формула што не се лепи и трае многу долго - па набрзина стана мојот омилен производ за убавина! Мат шминката одговара со се, и за дневен и за ноќен изглед, но мојот пролетен изглед изгледа вака: микс на бела, сива или месо-боја, со многу мали детали и слоеви. Моментално го обожавам (микро)трендот наголи раменици и јазли - на се!”

ТУНИС
Фатма Захи, Street Style Tunisia
Носи: Coral Dream

“Прво и наважно: јас сум зависничка од кармин. За мене тоa e основниот производ за убавина. Кога станува збор за шминка, сум доста смела и не се ограничувам во однос на текстурите и боите што ги носам, но признавам дека мат црвените усни ми се омилени! Ги носам преку ден и навечер, на работа и за излегување со пријателите. Тие се одлични и не бараат многу труд, додека додаваат допир на софистицираност и моментално ја нагалсуваат убавината.”

ПОРТУГАЛИЈА
Софија Новиас де Паула, Diario de Batom
Носи: Red Velvet

Обожавам да носам кожа и овој мат кармин облично го дополнува изгледот. Сакам се во врска со него: колку лесно се нанесува, начинот на кој ги пополнува моите усни, бојата и тонот, колку долго трае - одлично ми одговара. Пред да го нанесам, ставив молив за усни за да ги дефинирам, потоа нанесов Matte Mousse и ги притиснав усните. Го носам карминот секаде и користам отстранувач на шминка или влажни марамчиња за да ја отстранам бојата пред повторно да нанесам. Доколку го пробувате изгледто прв пат, тогаш мојот совет е следниов: не плашете се од карминот. Не треба да се плашите да бидете фантастични и да се чувствувате прекрасно!





Текст: