Орифлеим е повеќе од работа, тоа е семеен бизнис

Стојна и Блаже Карговски се дел од топ Лидерите во тимот на Орифлеим Македонија, и ја носат титулата Сафирни Директори. Нивната приказна со Орифлеим започнува пред повеќе од 22 години и за нив Орифлеим е повеќе од работа – тоа е семеен бизнис исполнет со многу предизвици и подеми. Разговаравме со нив околу нивните почетоци, искуства и секако за можностите кои ги нуди оваа шведска компанија.

Што значи да се биде Лидер во Орифлеим? Како се стигнува до таа позиција и колку време е потребно?

 Постојат многу дефиниции за лидерството, но во Орифлеим Лидерот е потребно да поседува високо ниво на самодоверба, да биде ентузијаст кој секогаш има нови идеи, иницијативи и секоја можност ја гледа како решение за подобро утре. Да се биде лидер според мене значи да се биде храбар, одлучен, секогаш спремен да преземе ризик и одговорност.  Силни страни на Лидерот се секако чесноста, интегритетот и истовремено вештина за воспоставување на добра комуникација, која е основа на секој однос кој притоа се заснова на заедничка доверба. И доколку сето тоа се воспостави, тогаш е многу лесно својот тим да го водите низ процесот на развој.

Времето за искачување по скалата на успех е индивидуално зависно од амбициите,  животните приоритети  на личноста  и секако нивната желба за успех и кариера!

Кај нас на ова обично се гледа како на работа на страна, која дава можност за дополнителна заработка. Но, дали може да се изгради кариера во Орифлеим?

 Секако, една од предностите на мултилевел маркетингот е слободата на избор. Предноста на Орифлеим, пак, е што ова е компанија што нуди широк асортиман производи наменети за секоја возраст, за цело семејство, достапни за секого и тоа со порачување од сопствениот дом. Орифлеим му нуди на секого можности прилагодени на сопствените желби – можност да порачувате квалитетни производи по достапни цени, или можност да изградите убава кариера, да патувате на места каде што не сте ни сонувале дека ќе појдете, односно можност за градење сопствен бизнис. Изборот е ваш.

Како/од каде, кога се приклучивте во тимот?

 И покрај тоа што не знаев многу за компанијата, сепак самиот факт дека станува збор за шведска компанија и производи со шведски квалитет беше доволно да станам дел од оваа приказна. Иако моите почетоци пред 23 години беа врзани исклучиво со продажба на производи, сепак после 1 година беше повеќе од јасно дека Орифлеим е интернационална успешна компанија преку која можеме да изградиме добар бизнис. Понатаму следуваа многу ексклузивни наградни патувања на кои патував заедно со мојот сопруг и сето тоа беше клучно во нашата одлука да ја искористиме бизнис можноста што компанијата ја нудеше. Мојот сопруг одлучи да го прекине работниот стаж во голема компанија и заедно да ги оствариме нашите соништа низ партнерство со Орифлеим.

Со оваа наша заедничка одлука, Орифлеим ни ги промени нашите животи, а потоа и животите на нашите Консултанти.

Дали навистина ја користите козметиката која ја препорачувате, и колку сте задоволни?

 Производите се со исклучително висок квалитет, по шведски стандарди со користење на квалитетни и природни состојки.

Нашето семејство ги користи од самиот почеток, почнувајќи од основната секојдневна нега, до специјализирана нега на лице. Тука се и производите за додаток во исхраната од Wellness линијата, кои ги користиме секојдневно, создадени за да им помогнат на луѓето во денешниот динамичен начин на живот да постигнат балансиран внес на храна и хранливи производи - да овозможат здрав, енергичен и среќен стил на живеење за што повеќе луѓе. Производите и програмите се плод на научниот развој од 15-годишните истражувања спроведени во Шведска во истражувачкиот центар „Игелоса“, од страна на светски познати научници.

Дали имате свој омилен производ, и што би препорачале?

Омилени ни се производите од линијата Wellness бидејќи секојдневно користиме шејкови и Wellness пакувања, а со тоа обезбедуваме високо ниво на имунитет и енергија преку целиот ден.

А секако ми е омилен и еден од новите производи од линијата Wellness - Протеинската мешавина која може да се додава во секое јадење. Јас лично ја користам во подготовка на домашен интегрален леб, а другите шејкови ги користам и за подготовка на домашни колачи.

Орифлеим има и машка линија на производи, но колкав е процентот на мажи што купуваат во однос на жените? И дали сами бираат и порачуваат или сепак тоа се нивните девојки/сопруги?

 Кај нас мажите во последните години посветуваат повеќе внимание на нивниот изглед, а со тоа и на нивната нега. Токму затоа има мажи што и сами знаат да го одберат она што им е потребно,  но често и нивните партнерки за да ги изненадат купуваат за нив. Кај нас жените повеќе се негуваат, иако тој тренд постепено се менува. Нов производ за мажи е колекцијата NovAge Men и истиот го користат мојот сопруг и синс, а придобивките од истата е што во едноставни 4 чекори нивната кожа ја добива вистинската нега.

Како лидер, што би сакале да промените во македонските потрошувачки навики во следните 5 години, и кон што целите?

 Мислам дека она што недостига е поголема едукација околу важноста на правилната исхрана и начинот на живот. Но, проблемот е во тоа што достапноста на информации е многу лесна и најчесто луѓето не знаат всушност што да одберат на нивното мени. Орифлеим им го олеснува изборот на овие луѓе со своите производи и совети. Веќе споменавме за линијата Wellness, создадена во истражувачкиот центар „Игелоса“, Шведска, која имав прилика да ја посетам и лично да се уверам  дека ова е врвна институција каде што работат едни од најпознатите светски научници, кои постојано трагаат по нови начини што на потрошувачите на Орифлеим ќе им обезбедат поздрав и подобар живот. Ми претставува задоволство да ја пренесувам приказната за светот на Wellness by Oriflame, бидејќи така им овозможувам и на другите да си го подобрат својот живот.

Што би им порачале на младите кои размислуваат за вклучување во системот во Орифлеим?

 Моја топла препорака е ако не ги користиле да започнат да ги користат производите на Орифлеим, а потоа да ги препорачаат на нивните пријатели. Потоа, да дознаат повеќе за можноста за бесплатна едукација и за развој на сопствен бизнис во Орифлеим и како да ги искористат сите поволности за заработка што ги нуди компанијата! Исто така би им препорачале да размислат кои се нивните неостварени соништа и желби, и да веруваат дека со Орифлеим сѐ е можно. Ние сме едни од многуте вистински примери дека можете да живеете дома, а да заработувате како во странство!

Довербата е темелот врз кој се гради една успешна бизнис приказна. Односот на Консултантите на Орифлеим со потрошувачите е клуч за успехот на оваа шведска компанија. Тоа е двонасочен однос на доверба, од кој сите треба да имаат интерес. Колку е тешко да се биде на врвот на една пирамида, која сама по себе подразбира безрезервна доверба. Која е вашата тајна за успехот?

 Нема тајна, едноставно бидете искрени со луѓето, дајте им го вистинскиот совет и така ќе ја имате нивната доверба.  Нашиот Орифлеим животен стил е пример дека ако сме успеале ние можат и тие. Заедно можеме да постигнеме сѐ.

Во нашиот бизнис фокусот се луѓето и само со тимска работа можете да се развивате како Лидер. Затоа, бидете тоа што сте за луѓето да ги препознаат вашите квалитети и да сакаат да бидат дел од вашиот тим!

Текст: Фотографии: Орифлеим