Кловнот
Чекор 1: Земете го The One Stylo Тушот за очи и нацртај крило на аголот на окото
Чекор 2: Потоа користете го истиот туш за очи за да нацртате права линија на врвот на трепките.
Чекор 3: Потоа земете го The One Wonder Тушот за очи и нацртајте триаголник под окото. Завршете го изгледот со мала точка под зашилениот раб на триаголникот
Готово! Ова беше лесно, нели?
Пајажината
Чекор 1: Изберете ја вашата омилена боја од The One Colour Unlimited Сенките за очи, ние користевме Calid Pink. Земете ја сенката за очи и нацртајте линија на очниот капак.
Чекор 2: Земете го The One High Impact Моливот за очи нацртајте долга тенка линија од надворешната линија на трепките кон слепоочницата. Продолжете со уште три линии од долната линија на трепките надолу кон вашиот образ. Потоа поврзете ги сите линии на краевите во средината, за да ја создадете пајажината.
Прекрасно, вашиот изглед е комплетен!
Лилјак
Чекор 1: Земете го One Wonder Тушот за и почнете да цртате заоблена линија од надворешната линија на трепките кон очниот капак. Потоа цртате малку заоблена линија кон слепоочницата и пократка заоблена линија од долната линија на трепките. Поврзете ги краевите со уште неколку кривини.
Чекор 2: Наполнете го целиот лак со истиот туш за очи.
Сега сте подготвени со тој застрашувачки изглед на Ноќта на вештерките!