Суштината на женственоста

Денес постојат бесконечно многу начини за изразување на женственоста и сѐ повеќе идеи како треба да изгледа, да се облекува и да се однесува една модерна жена. Понекогаш го забораваме најважното, а тоа е самодовербата да бидеме свои.

Денес постојат само осум врвни парфимерки во светот, а Орифлеим покани не една, туку две за да ја создадат Infinita. Емили Коперман и Алиенор Масен се по потекло од Франција, и двете со уникатни искуства и погледи, за тоа што значи да се биде модерна жена. Заедно создадоа моќна и привлечна интерпретација на женственоста околу најскапоцената и сурова состојка јасмин од Грас.

Емили и Алиенор ја создадоа Infinita околу цветот јасмин, за да создаде модерна интерпретација на класичната женственост. Цветно-овошен-дрвенест мирис со лесни и зачинети цитрусни горни ноти на розов бибер, мандарина и кумкват, кои преминуваат во моќна и ултраженствена срцевина на јасмин. За крај, привлечните ноти на килибар, кашмир и ванила создаваат величествена основа.

Крајната парфимирана тоалетна вода е комбинација од спротивности што сепак совршено се вклопуваат. Без разлика како ќе ја дефинираш својата женственост, ќе најдеш нешто што го одразува твојот карактер во Infinita. Поради тоа, Infinita е совршениот и универзален подарок за Денот на жената или Денот на мајката.

Освен што има извонреден квалитет, парфимираната тоалетна вода Infinita ги поттикнува сите жени низ светот да ја прифатат и да бидат горди на својата вистинска женственост.