Taa e eдна од регионалните поп-музички диви, присутна на сцената од 90-тите, но позната и по тоа што годините надворешно малку ја промениле. По повод нејзината соработка со Орифлеим, го посети и Скопје, а ние ги откривме тајните за негување и одржување на природната убавина.
Во секојдневната нега, дали експериментираш со различни брендови и производи или имаш свои фаворити кои не ги менуваш?
Најмногу ми годи природната козметика или производите со природни состојки. Денот го почнувам со мојата редовна рутина за подмладување на кожата. Го користам сетот NovAge Ecollagen, напредна линија, со природни состојки, која неверојатно ја потхранува и ja освежува мојата кожа. Секако, многу внимавам на секој чекор од оваа рутина, која се состои од 4 едноставни чекори, а за тоа ми се потребни само неколку минути.
Колку ја менуваше својата рутина за нега и за шминка низ годините?
На почетокот, како и сите други, претерував во сè. Како тинејџерка, нанесував многу туш и тешки пудри, но денес преку ден практикувам поедноставна и лесна шминка, па она без кое што не излегувам од дома е маскарата Wonderlash, балсамот Tender Care и Gordani Gold – моите омилени бронзени топчиња за нијансирање. Кога се подготвувам за концерт, јавен настап или за телевизиска емисија, потребно ми е само едно нешто: мат-кармин за усни THE ONE COLOR UNLIMITED, особено нијансата Red Passion! Совршен за секоја пригода, без разлика дали тоа е дневна прошетка или вечерно излегување. Го носам насекаде со мене! ГО ОБОЖАВАМ МАТ-ИЗГЛЕДОТ!
Неодамна беше платинеста русокоса, но сепак се врати на препознатливата боја на коса, зошто?
Мене многу ми се допадна таа боја на коса, всушност, се вљубив во неа. Но повеќето луѓе не можеа да ме прифатат со тој стајлинг. Иако користев најдобри препарати, сепак косата од агресивните третмани многу ми се оштети. Па сега постојано сум во потрага по некои препарати и природни масла за регенерација.
Што влијае на твојот избор на парфем?
Постојат безброj начини да бидеме единствени. Секој од нас е приказна за себе. А тоа е нешто на кое треба секојдневно да бидеме горди. Сакам да бидам женствена, единствена, да се одвојувам од другите и да зрачам со позитивна енергија. Toa е токму она што го пронајдов во парфимираната тоалетна вода My Destiny.
Познато е дека сонцето го истакнуваат како непријател на кожата. Дали си противник на сончањето?
Не сум противник, само го избегнувам сонцето кога е најсилно. Кога сум на море, на плажа одам по пет часот попладне, бидејќи кожата старее од сонцето. Кога ќ погледнете премногу исончана жена, на неа брчките се многу позабележливи, затоа што УВ- зраците ги продлабочуваат.
Дали користиш препарати со висок фактор за заштита од УВ-зраци?
Нема да веруваш, но и тука настојувам да останам доследна во негувањето со природни препарати. Сè што содржи многу хемикалии, во комбинација со штетните влијанија од околината, резултира со поголема штета одошто корист.
Дали стравуваш од стареење?
Не треба да се плашиме од стареењето. Сите, дај Боже, ќе дојдеме до некои зрели години. Жените кои ми се синоним за убавина се апсолутно природни убавици над убавиците: Софија Лорен или Моника Белучи, која е сигурно една од најубавите жени на светот. Нејзината убавина доаѓа до израз со секоја нејзина мимика, бидејќи таквите жени зрачат со некаква внатрешна харизма.
Ти си една од ретките јавни личности без естетски интервенции на лицето. Што мислиш за ваквите корекции?
Мене ми е драго што луѓето кои не ме виделе подолго време, се уште ме препознаваат и ми велат: „Здраво, Нина, воопшто не си се сменила!“. Но тоа не
значи дека во годините што следат нема да побарам помош од пластичен хирург. Немам против оние кои одлучуваат да се наполнат со филери, само... Мене резултатите многу полошо ми изгледаат од пред интервенцијата. Но, ако не стареам убаво, ќе отидам и ќе направам лифтинг на лице, па и липосукција, ма што и да треба!
Ти си новото заштитно лице на „Орифлеим“, компанија која годинава прославува 50 години исполнети со убавина и остварување соништа на милиони луѓе. Што велиш за оваа соработка?
Прекрасно е кога голем бренд ќе ве препознае како идеален партнер. „Орифлеим“ е голема светска компанија, чии производи ги користам со години. Затоа, бев горда и среќна заради поканата за соработка како нивно заштитно лице. Чувството е прекрасно!