Разговаравме со неа околу нејзините искуства на оваа позиција:
- За мене ова е совршениот тип на работа. Слобода, можност за градење кариера и интернационални патувања. Дефинитивно Орифлеим е компанија во која можеш да ја изразиш својата креативност добивајќи неизмерна поддршка од целиот Тим на Орифлеим Македонија, притоа градејќи животен стил од соништата. Непосредната секојдевна комуникација со потрошувачите, зборувајќи за тема која секогаш е во тренд, козметика и мода, можноста да се подаде рака и да се инспирираат луѓето да изградат кариера со Орифлеим, дава едно неописливо задоволство и благодет да се биде дел од оваа компанија.
Како/од каде и кога се приклучивте во тимот?
- Во Орифлеим се приклучив сосема случајно на покана од моја соученичка. На почетокот одбивав, затоа што воопшто не бев тип кој сакаше премногу декоративна козметика, спротивно од она што сум денес, но сепак одлучив да го земам Каталогот и да нарачам нешто пред сè за себе. Првата порачка ја направив за само 3 дена. Потоа следуваше средба со нашата Директорка Вукица, од која понатаму ја добив целата инспирација и мотивација, научив што значи бизнис со Орифлеим, и еве скоро 10 години сум дел од оваа компанија.
Што ве мотивираше и сè уште ве мотивира во работата со Орифлеим?
- Често пати знаеме да кажеме дека ние сме едно големо Орифлеим семејство, и навистина тоа е така. Во Орифлеим не градиме само бизнис и кариера, туку градиме и многу емоционални нераскинливи врски со нашите соработници. Довербата е клучот на мултилевел системот, а ако нема емоции - тогаш не може да се има ниту доверба.
Кај нас на ова обично се гледа како на „работа на страна”, која дава можност за дополнителна заработка. Но, дали може да се изгради кариера во Орифлеим?
- Честопати мултилевел-маркетингот како систем на работа не се доживува како класична „работа“. Можеби виновниците за тоа се слободата и флексибилноста и начинот на кој ние функционираме. Особено пак на Орифлеим како комбиниран мултилевел - систем, се гледа како дополнителна работа, или „работа на страна“, но Бизнис можноста на Орифлеим може да стане сериозна работа, и притоа да се изгради кариера. Честопати знам да кажам дека работејќи ја оваа работа, ние убавината ја претвораме во бизнис. Овој систем е прилагодлив на сите категории. Без разлика дали сте млади, средношколци, студенти, вработени или пензионери, Вие можете да ја најдете вашата индивидуална формула на успех со Орифлеим. Откако ја достигнав директорската титула, одлучив да не работам ништо друго освен Орифлеим. Отворив своја фирма, и во април месец прославивме една година постоење, а воедно и градење на сериозна кариера со Орифлеим. На тој начин јас се пронајдов самата себе, и моето место под сонцето на Орифлеим. Тука сите ние сме различни, но убави на свој начин!
Како правите рамнотежа помеѓу вашите обврски во Орифлеим и вашите професионални, семејни и лични обврски?
- Во Орифлеим добрата страна е што немаме фиксно работно време, па на тој начин лесно можам да направам баланс помеѓу останатите лични обврски кои што ги имам. Креирајќи своја идеална дневна агенда на фукнционирање. Како професионален шминкер, претежно сум зафатена во викендите. Па остатокот од неделата ми е целосно посветен на активностите поврзани со Орифлеим.
Што научивте во Орифлеим? Кои од обуките ви оставија најсилен впечаток и ве поттикнаа да се развивате?
- Мислам дека најтешко е да се одговори на ова прашање. Дел сум од оваа компанија девет години, и во текот на цело мое Орифлеим созревање имав можност да посетам лидерски семинари организирани на ниво на цел балкан, на кои сме имале чест да слушаме врвни мотиватори како наши гости - предавачи. Воедно Менаџерските семинари кои секоја година се на топ дестинации почнуваќи од Египет, Шпанија, Крит а оваа година Сардинија ... се едно незаборавно мотивирачко искуство преку кое се дружиме со најуспешните лидери од Централна Европа и притоа учиме од секој нов контакт. Ова е компанија во кој највлијателен е човечкиот фактор.
Дали имате свој омилен производ, и што би препорачале од новата колекција?
- Тешко е да се одбере еден производ како омилен, но ако морам тогаш тоа би била колекцијата True Perfection од линијата за нега на лице NovAge. Ја користам од првиот момент кога беше лансирана, и дефинитивно е вистинска перфекција за кожата, помагајќи ѝ да го задржи својот младешки сјај и хидратација. Топло ја препорачувам на сите млади над 20 години, затоа што живееме со некое брзо темпо, а нашата кожа го чувствува тоа. За да бидеме среќни и задоволни од својот изглед, мораме и правилно да се грижиме за својата кожа.
Како ви помага Орифлеим да заработите?
- Пред сè, за да бидите успешни и да заработувате, треба да имате поставена цел. Целта е таа која што мотивира секогаш да сакате повеќе, и целта е таа која го влече целиот максимум од вас. Сѐ зависи од вас, од нас! Колку силно ја сакаме нашата цел, колку време ќе ѝ посветиме за да ја оствариме, толку и материјално Орифеим ќе нѐ награди. Нема фиксна плата и можностите за повеќе се околу нас. Наше е само да зграбиме онолку колку што сакаме.
Што сакате да постигнете во Орифлеим? Кои се вашите соништа во Орифлеим?
- Дел од моите соништа веќе се остварија. Имам свој бизнис, независна сум и заработувам за да можам да си ги остварам и соништата кои ги имам приватно во мојот живот. А сепак сум на почеток на онаа бизнис скала на успехот која секогаш ни дава можност за повеќе. Она кон што целам во моментов е достигнувањето на Златната титула, и можноста да патувам на Златна конференција во Монако 2019. Се надевам дека ќе успеам да си го остварам во најскоро време и тој сон.
Кој е моментот во Орифлеим на кој најмногу се гордеете и зошто?
- Мислам дека за мене лично, најемотивен момент беше моето прогласување како најмлад Орифлеим Независен Директор. Мислев дека летам и дека го достигнав небото од среќа. Но како подлабоко навлегувам во оваа работа, сфаќам дека нема посреќна и погорда личност од мене, кога ќе видам дека некој од моите Лидери го остварил својот сон и ја достигнал својата цел. Мислам дека несебичното помагање на другите да го променат својот живот и да ги остварат соништата - секогаш ќе не прават горди и среќни луѓе. Затоа и ја сакам мојата работа. Го сакам Орифлеим.