Skip to main content Skip to main menu Skip to search
  1. Почетна
  2. Одржливост

Одржливост

Убавината не е само како изгледаш

Убавина е и како се однесуваш. Убавината значи да останеш верен на себе и да се грижиш за луѓето околу себе. Таа значи, правење промени во животот што го прават целиот наш свет поубав. Во Орифлеим, веруваме дека сите можат да направат убава промена.



Заедно можеме да направиме промена

Имаме страст кон исполнување сонови и создавање можности што им ги подобруваат животите на луѓето. Помагаме за создавање убавина и добросостојба за многумина, а притоа ги почитуваме луѓето и природата. Поради тоа, ги цениме луѓето што се дел од Орифлеим-заедницата, така што ги споделуваме нивните приказни и ги инспирираме и другите да го направат истото.

Можеби, секоја поединечна промена изгледа мала, но заедно тие оставаат позитивен впечаток низ светот. Во Орифлеим, Имаме страст и дух за правење промени и кога даваме сè од себе, не постојат граници за нашите достигнувања. Не постои ништо попрекрасно од тоа.

Одржливост

Нашата долгорочна цел е да станеме целосно одржлива компанија. Ова значи, дека сакаме да живееме во можностите на планетата, почитување на средината и допринесување за праведно општество во кое секој може да напредува. Поради тоа, кога ги создаваме нашите производи, се стремиме да користиме состојки што се во склад со нашите строги правила за средината и не ѝ штетат на природата.

Прочитај повеќе

#beautifulchange

Веруваме дека дури и најмалата промена може да има голем ефект. Кога заедно ги правиме овие промени тие можат да остават траен општествен впечаток. Следуваат избор приказни што даваат повеќе информации за тоа што го работиме секој ден, за да ја создадеме таа промена.

Прочитај ги приказните

Влијание врз општеството

Орифлеим отсекогаш страсно се залагала за исполнување сонови. Иако, ова е дел од нашата бизнис-филозофија, таа е многу повеќе од добротворната работа што ја правиме откако Орифлеим беше основана во 1967 година.