Овозможено од Трипептидна технологија, хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина и екстракт од растителни матични клетки од рунолист.
Патентирана Трипептидна технологија:
Оваа најдобра, патентирана технологија против брчки, ги спојува пептидите од ориз, пченица и квасец. Трипептидната технологија го поттикнува создавањето на колаген подобро од трите пептиди индивидуално.
Хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина:
Хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина привлекува и задржува до 1000 пати повеќе вода, од својата тежина. Може поуспешно да се впие во кожата и да ги измазни брчките, за да го подобри целокупниот изглед и чувство на кожата.
Екстракт од растителни матични клетки од рунолист:
Овој екстракт од растителни матични клетки беше избран поради својата способност да ги штити колагенот и хијалуронската киселина од намалување. Го поддржува дејството на Трипептидната технологија и хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина и го успорува процесот на стареење.
Други состојки:
NovAge Напреден гел за чистење лице:
Мешавина за чистење: Балансирана мешавина од умерени сурфактанти, кои ефикасно ги отстрануваат видливите нечистотии, вклучувајќи прашина, честички од загадување, шминка и вишок масти и себум, која можеш да ја исплакнеш со вода.
Мешавина од хидратантни состојки: Мешавина од хидратантни и регенерирачки состојки што ја прават кожата мека, мазна и удобна.
Смирувачка технологија: Технологија што ја смирува кожата со Бисаболол од природно потекло, кој е составен дел на камилицата и кандеа дрвото.
Витамин Е: Витаминот Е е познат по своите исклучителни хидратантни и антиоксидантни својства.
NovAge Ecollagen Wrinkle Power Крем за очи:
Кофеин: Една од најпознатите активни состојки во кремите за очи и со добра причина. Кофеинот е познат поради своите стимулативни својства кои помагаат да се намали појавата на темни кругови и надуеност што се појавуваат како резултат на микорциркулација и се повидливи поради тенката кожа под очите.
Хидратирачки комплекс: Комплекс од хумектанти и хидратанти, специјално споени за да ја хидрираат, потхрануваат и штитат нежната кожа во пределот околу очите.
Технологија на замаглувачки бисери: оваа мешавина од мали минерални честички дејствуваат како призма, привлекувајќи и одбивајќи ја светлината на површината на кожата што помага да се замагли и усоврши текстурата и тенот, без да се скрие природната убавина.
Без мирис.
NovAge Ecollagen Wrinkle Power Серум:
Пребиотик актив: Пребиотик актив е екстракт од морски микоорганизам што може да се најде во северна Франција, во посебен екосистем во кој свежата вода се спојува со морската вода. Оваа иновативна соостојка служи како „храна“ за добрите бактерии кои се наоѓаат на кожата. Ја поттикнува обновата на кожата и го промовира доброто здравје на кожата.
NovAge Ecollagen Wrinkle Power Дневен крем со СПФ 30:
Хидратирачки комплекс: Посебна мешавина од хидратирачки состојки што овозможува целодневна хидратација, клинички докажано.
СПФ 30 и УВА заштита: УВ заштитата е најдобрата одбрана од стареење. Овозможува заштита со СПФ 30 и УВА заштита.
Технологија за детекција на загадувањето – Оваа модерна технологија е создадена да помогне во намалување на негативното влијание на агресорите од средината, како загадувањето. Создава невидлив слој што ги спречува штетните честички од загадувањето да дојдат во контакт со горниот слој на кожата.
InstaSmooth Технологија: Оваа состојка овозможува моментални ефекти, избрана за да помогне со дологотрајната корекција на брчките, овозможена од Трипептидната технологија што го поттикнува создавањето на колаген, за моментално подобар тен.
NovAge Ecollagen Wrinkle Power Ноќен крем:
Никотинамид: Никотинамид (Витамин Б3) е многу моќен и ефективен обновувач на кожата со повеќе забележани добри својства, вклучувајќи поттикнување на клеточната енергија и промовирање силен и балансиран горен слој на кожата.
Витамин Е: Овој познат антиоксидант игра клучна улога во заштитата на кожата од слободни радикали и се поврзува со хидратацијата на кожата.
Шеа путер: Екстракт од јаткастиот плод на африканското дрво со исто име, шеа путерот е прекрасен обновувач на кожата што ја смирува и опушта сувата кожа, правејќи ја прекрасна, мека и мазна.