Како двојно да го чистиш лицето?
Дали знаеш дека маслото за чистење лице, во комбинација со гел за чистење лице, е еден од најделотворните начини за длабинско чистење и за добивање беспрекорен тен?
ПогледниКористи го наутро и навечер. За двојна чистина, по маслото, исчисти го лицето со твојот вообичаен производ за чистење лице.
Со потекло од Северна Америка, жолтото ноќниче има долга и богата историја, како состојка за измазнување и за смирување на кожата. Скапоценото златно масло што се добива од него, содржи исклучително висока концентрација на гама-линоленова киселина, која е омега 6 киселина и основна масна киселина. Извонредно потхранувачко и негувачко, жолтото ноќниче е познато по тоа што помага за задржување на хидратацијата и за смирување на кожата. Тоа, исто така, помага за одржување на негата на кожата и за заштита.
NovAge Маслото за чистење лице содржи мешавина од масла, вклучувајќи природно масло од жолто ноќниче и нежен сурфактант. Маслото мазно и лесно се нанесува на кожата и се претвора во млечен лосион, при контакт со вода. Потоа лесно се плакне, заедно со нечистотиите, а по користењето кожата е прекрасно мека и мазна.
Создадено со револуционерна наука, докажано со клинички испитувања и зајакнато со напредни технологии и екстракти од матични клетки на растенија, NovAge цели на 12 знаци на стареење што најмногу влијаат на тоа како луѓето гледаат на твојата возраст. Затоа, не дозволувај твојата кожа да ги одредува твоите години и пронајди ја твојата линија NovAge денес!