Почетна
Подароци за него
Модни додатоци
Charcoal Коњац-сунѓер
Погледнете ги сите 62 оценки

Опис

Прекрасно мек и 100% природен сунѓер од коњак влакна, со порозна површина кога ќе се натопи со млака вода. Наменет да се користи само сунѓерот или заедно со твојот омилен производ за чистење лице, за нежно, но темелно чистење на кожата. Соодветен за лице и за тело, како и за сите типови кожа. Со памучна врвца за закачување. Биоразградлив состав.
  1. Натопи го сунѓерчето во млака вода, неколку секунди, додека не омекне и малку не се зголеми.
  2. Стисни го нежно меѓу дланките за да го отстраниш вишокот вода.
  3. Со кружни движења, нежно триј ги лицето и вратот со сунѓерчето. Сконцентрирај се на сувите делови од лицето и деловите со црнки. Избегнувајте ја областа околу очите.
  4. Исплакни го темелно со чиста млака вода и закачи го да се суши.

СУПЕР СОВЕТ: ако го користиш заедно со производ за чистење лице, нанеси мало количество од производот директно на сунѓерчето, откако ќе го потопиш, а потоа следи ги наведените чекори. Избегнувај го пределот околу очите.


Грижа за Коњак сунѓерот

Коњак сунѓерите се направени од природни влакна и се порозни, затоа е важно да ги одржуваш чисти, без остатоци што можат да се наталожат при отстранување шминка, или при користење на сунѓерчето со сапуни и производи за чистење лице.


По секое користење, темелно исплакни со чиста млака вода. Избегнувај вртење на сунѓерчето, бидејќи така може да се скинат природните влакна. Истисни ја водата, така што ќе го притиснеш меѓу дланките.


На крај, закачи го да се суши на место со добра циркулација на воздухот на коешто нема влага. Можеш да го ставиш и во кутија или кесе што се затвора и да го чуваш во фрижидер!


СУПЕР СОВЕТ: препорачливо е да го дизинфицираш сунѓерчето на секои 2 недели. За да го направиш тоа, стави го во многу топла (незовриена) вода и остави го неколку минути, а потоа исплакни го и закачи го да се суши.

Како собираме оценки? Дознај повеќе

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА