Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Политика за колачиња (Cookies)

"Cookies" е името на технологија која му овозможува на нашиот сајт да зачува белези на информации во вашиот интернет пребарувач. Ова му доделува на вашиот пребарувач идентификатор кој е препознаен само од страна на нашиот сајт, се додека сте на сајтот, но не ве идентификува Вас лично.

"Cookies" ни помога во следењето на Вашите потреби и навики, што ни овозможува да даваме подобра услуга кон нашите корисници. Воколку не сакате да добивате колачиња од веб страната на Орифлеим  или од било кој друг сајт, можете да ги наместите поставките на вашиот пребарувач да ве извести секогаш кога ќе примите колаче и на тој начин овозможувајќи ви да одлучите дали ќе го прифатите или не.

Одредени колачиња содржат лични податоци - на пример, со кликнување на "Запомни ме" кога ќе се најавите во делот од страницата наменет само за консултантите, користејќи корисничко име и лозинка, колачето ќе го зачува вашето корисничко име. Повеќето колачињата нема да соберат информации кои го идентификуваат корисникот и наместо тоа ќе соберат повеќе општи информации.

Период на чување на колачињата

Колачињата кои Орифлеим козметика ги користи се таканаречените “Упорни колачиња” (Persistent Cookies),  кои остануваат зачувани на вашиот компјутер се додека не побарате од вашиот интернет прелистувач да ги избрише.

Орифлеим нудат одредени услуги кои се достапни само преку употреба на колачињата.
Општо земено, колачињата се поделени во колачиња со три различни функции:

1 . Колачиња од суштинско значење 
Некои колачиња се од суштинско значење за работењето на системот. На пример, некои колачиња му овозможуваат на Орифлеим да се идентификуваат регистрираните корисници и да се обезбеди тие да можат да пристапат на целиот систем. Ако регистрираниот корисник избире да се оневозможат овие колачиња, нема да биде во можност да пристапи до сите содржини на системот. Овие колачиња имаат трајност се додека сте логирани на нашата веб страна, во делот за консултанти каде се пристапува со употребата на корисничкото име и лозинка.

2 . Колачиња за подобри перформанси 
Овие колачиња можат да се користат за анализа како корисниците го користат системот, како  и да се следат перформансите на системот. Ова ни овозможува да ви обезбедиме висок квалитет на услугата како и специфична понуда наменета токму за вас. На пример , овие колачиња може да се користат за да пратиме кои страници се најпопуларни или да утврдиме зошто на некои страници се добива порака за грешка. Овие колачиња , исто така, може да се користат за да се потенцираат производи или услуги кои се од интерес за вас, врз основа на вашето користење на системот.

3 . Функционални колачиња
Функционалните колачиња ги користиме за да се овозможи да запаметиме параметри на некои корисници, како: поздравување на корисникот, место/град од каде корисникот се логирал, дадени коментари или оценки.