Кoмпанија која ги остварува соништата
Во 1967 во Стокхолм, браќата Robert и Jonas Af Jochnick заедно со својот пријател Bengt Hellsten одлучиле да основаат компанија која ќе ги исполнува соништата на луѓето ширум светот.
Орифлеим прерасна во најголема европска компанија за директна продажба на козметички производи со повеќе од 3 милиони соработници и годишен промет од околу 1,5 милијарди евра.
Од самото основање во 1967 година Орифлеим се посвети само на оние активности корисни за луѓето и околината. Орифлеим користи природни состојки и никогаш не ги тестира производите на животни. Преку работата на Фондацијата, компанијата спроведува кампањи и програми за помош на деца без родителска грижа и млади жени од целиот свет на кои им е најпотребна помош.
И по 50 годишно постоење Орифлеим не го менува својот главен принцип на кој е основан – да помага во остварување на соништата.