1. ЛЕКУВАЊЕ АТЛЕТСКО СТАПАЛО
Сигурно знаеш колку може да биде незгодна инфекцијата наречена атлетско стапало. Таа најчесто се добива од зараза со загадени површини во топли и влажни средини, како на пример тушови во сала за фитнес или околу базени за пливање и може да доведе до појавување на габични инфекции на стапалата и на прстите. Ова може да доведе до појави како на пример црвенила, лупење на кожата или чешање.
Традиционално, листовите на чајното дрво се користат за лекување исеченици, изгореници и инфекции – што ги прави идеално решение за лекување атлетско стапало исто така! Додај неколку капки на памук и нанеси на инфицираните места двапати во денот.
2. ЛЕКУВАЊЕ ХЕРПЕС
Еден од најнезгодните исипи што може да му се случат секому е херпесот. Тој може да ја наруши нашата самодоверба, но добрата вест е дека есенцијалното масло од чајно дрво може да ја намали оваа појава.
Кога ќе забележиш појава на непријатно чувство, грабни го маслото од чајно дрво и не заборавај да го нанесуваш неколкупати во текот на денот. Внимавај само да не ти влезе во устата, бидејќи е штетно за голтање. Друг топ-совет е секогаш да ги чуваш усните хидрирани за време на третманот, бидејќи маслото од чајно дрво може да ги исуши усните.
3. ЛЕКУВАЊЕ БЕНКИ
Маслото од чајно дрво ја суши кожата и тоа може да биде од корист кога се отстрануваат бенките. А, што се бенките? Тоа се мали светкави израстоци на кожата што се наоѓаат под пазувите, под градите, на долниот дел од вратот и на очните капаци и, иако не се штетни, можат да нервираат. Сепак, со нанесување есенцијално масло од чајно дрво неколкупати во текот на денот со памук, бенките може да се исушат целосно или постепено. Пробај го ова!
Ти претставивме три начини на кои можеш да се негуваш со маслото од чајно дрво. Но придобивките се многу повеќебројни! Откриј ја нашата неверојатна линија со чајно дрво на Love Nature и увери се во резултатите!