Здрави деца: Назад во училишните клупи

Дојде тоа време од годината: летото полека привршува, а вашите деца се подготвуваат за на училиште. Погрижете се да бидат здрави и среќни со 8-те наши совети!

ОДМОР И ОБНОВА
Враќањето на рутините по летниот распуст е клучно. Можеби подоцна се одело во кревет за време на распустот, но важно е децата да спијат девет часа секоја вечер за да имаат ментална и физичка енергија во училиштето – а ќе бидат и посреќни!

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ ПРАВИЛНО
Родителите знаат да кажат: „појадокот е најважниот оброк во денот“, и тоа е точно, особено за децата. Појадок од цели зрна, свежо овошје, природен јогурт или јајца ќе им дадат на детските мозочиња гориво, кое им е потребно да се фокусираат и да си играат без проблем.

ХРАНА ЗА ВРЕМЕ НА УЧИЛИШНИОТ ОДМОР
Погрижете се ужината да биде здрава и заменете ги чипсовите и колачињата со нешто похранливо. Сурови стапчиња од зеленчук што можат да се макаат во хумус, кашест сок богат со антиоксиданти или домашни пуканки успешно ќе се справат со гладот.

ЗБОГАТЕТЕ
Децата треба да ги добијат повеќето витамини од својата исхрана, но и мултивитамините ќе се погрижат вашето дете да ги добие хранливите елементи што му се потребни за развој. Побарајте додаток во исхраната што содржи витамини А, Ц и Д за имуниот систем, калциум и магнезиум за енергија и за мускулите, омега 3 за мозокот и калциум за силни заби и коски.

Пробајте: Wellness Kids

ВОСПОСТАВЕТЕ РУТИНА
Избегнете го хаосот во првиот училиштен ден со воспоставување рутина што ќе му помогне на вашето дете да оди во кревет навреме и да се разбуди кога треба. Едноставната рутина пред почетокот на часовите ќе ги подготви децата за успешна учебна година.

АКТИВНОСТ
Децата треба да се физички активни најмалку еден час во денот – без разлика дали тоа е активна игра, брканица во двор, танцување, возење велосипед или часови по пливање, треба да ги охрабрите да го прават тоа и по завршувањето на часовите. Редовните аеробик-вежби ќе ги зајакнат мускулите и коските, ќе придонесат за ментална свест, ќе го поттикнат позитивното расположение и ќе ја зголемат самодовербата.

ТРЕМА ОД ПРВИОТ ДЕН
Нормално е детето да има трема кога ќе започне новата учебна година. Разговарајте со вашето дете за неговите стравови и потсетете го за работите поради кои ужива во училиштето – на пример играњето фудбал. Одете со детето да купите интересни тетратки или пенкало и организирајте играње со другите деца за да му го олесните првиот училиштен ден на вашето дете.

МИСЛЕТЕ И НА СЕБЕ
По долгиот одмор и вам може да ви е стресно да го пратите вашето дете на училиште. Поразговарајте со пријател ако имате некакви стравови, советувајте се со класниот раководител и (ако не работите) најдете интересно хоби што ќе ви го исполни денот.

 

 




Текст: Фотографии: Getty Images